Грција на урнатините на Мисолонги

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грција на урнатините на Мисолонги
Творец Ежен Делакроа
Година 1826
Димензии 208 см × 147 см
Место Музеј на ликовни уметности од Бордо, Бордо

Грција на урнатините на Мисолонги (француски: La Grèce sur les ruines de Missolonghi) ― маслена слика од 1826 година на францускиот сликар Ежен Делакроа, а сега е зачувана во Музејот на ликовни уметности од Бордо. Оваа слика била вдахната од Третата опсада на Мисолонги од страна на османлиските сили во 1826 година, за време на која многу луѓе од градот по долгогодишната опсада (речиси една година) решиле да се обидат да направат масовен пробив за да избегаат од глад и епидемии. Обидот резултирал со катастрофа, при што поголем дел од Грците беа убиени.

Анализа[уреди | уреди извор]

Грција е прикажана како клекната жена која го зазема најголемиот дел од сликата. Таа е облечена во традиционална грчка носија, нејзините гради се широко голи, а ги рашири рацете во знак на тага. Раката на мртвата жртва може да се види како излегува од урнатините, под нејзините стапала. Во позадина, маж со темен тен, облечен во жолт турбан, кој го симболизира непријателот, засадува знаме во земјата.[1]

Сликата позајмува елементи од христијанството. Навистина, „Грција го прифаќа ставот на молитва во раните векови на христијанството. Синиот мантил и белата наметка, традиционално се припишуваат на Безгрешното зачнување, ја зајакнуваат оваа аналогија со световната фигура на Марија овде. Силата на сликата е остриот контраст помеѓу традиционалната алегорија која поттикнува идеализација на моделот и обработка на сцената без никаква отстапка кон идеалот.“[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Peinture XIXe siècle“ (француски). Музеј на ликовни уметности од Бордо. Архивирано од изворникот на 27 јули 2011. Посетено на 16 јуни 2022.
  2. Daguerre de Hureaux, Alain (1998). L'ABCdaire de Delacroix (француски). Luçon: Flammarion. стр. 96. ISBN 2-08-012578-8.