Владислав II Јагиело

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владислав II Јагиело
Владислав Јагиело

Јогаила (ок. 1352/1362 – 1 јуни 1434), подоцна познат како Владислав II Јагиело (полски: [vwaˈdɨswaf jaˈɡʲɛwwɔ] ),[nb 1] бил Велик кнез на Литванија (1377–1381 и од 1382–1401), а потоа и крал на Полска (1386–1434), најпрво заедно со неговата жена Јадвига до 1399, а потоа како единствен владетел на Полска. Роден како паган, тој подоцна го прифатил католицизмот во 1386 и бил крстен како Ладислав (полски: Władysław) во Краков, се оженил со младата полска кралица Јадвига, и бил крунисан за крал на Полска како Владислав II Јагиело.[1] Во 1387, ја конвертирал Литванија во католицизам. По смртта на кралицата Јадвига во 1399, тој продолжил да владее како единствен владетел на Полска уште триесет и пет години, и ги поставил темелите на повеќевековната Полско–Литванска унија. Тој е основач на Јагелонската династија во Полска, која претходно била позната како Гедиминиди во Великото Литванско кнежевство. Династијата владеела со двете држави до 1572,[nb 2] и станала една од највлијателните династии во средновековна и рана нововековна Европа.

Јогаила бил последниот пагански владетел на средновековна Литванија. Откако станал крал на Полска, како разултат на Унијата од Крево, новоформираната Полско-Литванска унија се соочила со растечката моќ на Тевтонскиот ред. Сојузничката победа во битката кај Грунвалд во 1410, проследена со мировниот договор во Торн, ги обезбедила полските и литванските граници и ја означила појавата на полско-литванскиот сојуз како значајна сила во Европа. За време на владеењето на Владислав II Јагиело била проширена полската граница и често се смета за почеток на златното доба на Полска.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Тој е познат под повеќе имиња: литвански: Jogaila Algirdaitis; полски: Władysław II Jagiełło; белоруски: Jahajła (Ягайла).
  2. Ана Јагелонка, последниот член на Јагелонската династија, починала во 1596.
  1. Grzęda, Mateusz (15 February 2022). „Ladislaus II Jagiełło (1386–1434)“. Encyclopedia (англиски). 2 (1): 515, 525. doi:10.3390/encyclopedia2010034. ISSN 2673-8392.