Станислав Август Понјатовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станислав II Август
Stanisław August in coronation robes, 1764
Крал на Полска
Велик кнез на Литванија
На престол7 септември 1764 – 25 ноември 1795
Крунисување25 ноември 1764
Катедрала Свети Јован Крстител (Варшава)
ПретходникАвгуст III
Наследник„монархијата била укината“ (Partitions of Poland)[1]
Роден(а)17 јануари 1732(1732-01-17)
Волчин, Полско-литванска Државна Заедница
Починал(а)12 февруари 1798(1798-02-12) (возр. 66)
Санкт Петербург, Руска империја
Почивалиште
Деца
Details...
illegitimate
Полно име
Stanisław Antoni Poniatowski
ДинастијаPoniatowski
ТаткоСтанислав Понјатовски
МајкаКонстанција Чарториска
ВероисповедРимокатолицизам
ПотписСтанислав II Август's signature

Станислав II Август[б 1] (17 јануари 1732 – 12 февруари 1798), бил крал на Полска и Велик кнез на Литванија од 1764 до 1795, и последен монарх на Полско-литванската Државна Заедница.

Роден во богато полско аристократско семејство, Понјатовски пристигнал како дипломат на рускиот императорски двор во Санкт Петербург во 1755 на 22 годишна возраст[2] и интимно се поврзал со идната императорка Екатерина Велика. Со нејзина поммош, тој бил избран за крал на Полска и Велик кнез на Литванија од страна на Сејмот во септември 1764[3][4][5] по смртта на Август III. Спротивно на очекувањата, Понјатовски се обидел да ја реформира и зајакне големата, но ослабена државна заедница. Неговите напори наишле на надворешно противење од соседните Прусија, Русија и Австрија, сите посветени да ја одржат државата слаба. Однатре му се спротивставиле конзервативната аристократија, кои на реформите гледале како закани за нивните традиционални слободии привилегии дадени со векови порано.

Дефинитивната криза на неговото рано владеење била Војната на Барската конфедерација (1768–1772) која довела до Првата поделба на Полска (1772). Во подоцнежниот дел од неговото владеење бил реформиран Сејмот (1788–1792) и бил донесен Уставот од 3 мај 1791 година. Овие реформи биле отфрлени во 1792 од Тарговицката конфедерација и Полско–руската војна од 1792, што довело до Втора поделба на Полска (1793), Востанието на Кошќушко (1794) и Третата поделба на Полска (1795), што го означило крајот на државата. Лишен од секаква значајна моќ, Понјатовски абдицирал во ноември 1795 година и ги поминал последните години од својот живот како заробеник во Мермерниот дворец во Санкт Петербург.

Контраверзна личност во полската историја, некои го гледаат со амбивалентност како храбар и вешт државник, а други како претерано колеблив кукавица, па дури и како предавник. Тој е критикуван првенствено за неговиот нерешителен отпор против спротивставените сили и спречување на поделбите, што доведе до уништување на полската држава. Од друга страна, тој е запаметен како голем покровител на уметностите и науките кој ги поставил темелите на Комисијата за народна едукација, првата институција од ваков вид во светот, Великиот Сејм од 1788-1792, што доведе до Уставот од 3 мај 1791 и како спонзор на многу архитектноски знаменитости. Историчарите имаат тенденција да се согласат дека, земајќи ги предвид околностите, тој бил вешт државник, посочувајќи дека донесувањето на Уставот е знак на храброст, иако неговата неподготвеност да организира соодветно сенародно востание потоа се смета за кукавичлук и клучна причина за Втората поделба и последователниот пад на Полска.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име last-king.
  2. Gribble, Francis (1912). The comedy of Catherine the Great. London. стр. 48.
  3. Eversley, 1915, p.39.
  4. The Partitions of Poland by Lord Eversley, London, 1915, pp. 35–39.
  5. Bartłomiej Szyndler (2009). Racławice 1794. Bellona Publishing. стр. 64–65. ISBN 9788311116061. Посетено на 26 September 2014.
  1. pronounced [staˈɲiswaf druɡiˈauɡust].