Владимир Ромашкин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Владимир Иванович Ромашкин (ерзјански: Йовлань Оло[1][2], руски: Влади́мир Ива́нович Рома́шкин, роден на 6 септември 1951, Дубенски округ, Мордовска АССР, СССР - починал на 29 август 2002 година, Саранск, Русија) — мордвински фолклорист, истражувач, музичар и документарен филмски режисер кој се смета за значајна личност во културното оживување на Ерзија. Тој исто така ја основал и музичката група Тоорама.

Биографија[уреди | уреди извор]

Во 1975 година, Ромашкин дипломирал на одделот за диригирање и хор во Саранската музичка школа. До 1980 година бил дел од диригентскиот и хорскиот факултет на Казанскиот Конзерваториумот, а во 1986 година бил на постдипломски студии во Мнијалие. Од 1980 до 1989 година, работел како истражувач но фолклорот и уметноста во Институтот за јазици, литература и историја на Мордовија. Во 1986 година ја објавил својата монографија „Некои карактеристики на традиционалната уметност на пеењето[3][4] во која тој го опишал фолклорот на Каратаите во селата на Татарска АССР. Подоцна, тој станал сценарист и режисер, и со негово учество биле креирани документарните филмови Каратау[5] и Истоки. Тој, исто така, го снимил музичкиот филм за групата Тоорама со исто име. Од 1990 до неговата смрт во 2002 година, Ромашкин бил професор по музички дисциплини на Националната школа за култура во Саранск. Можеби најпознатото дело на Ромашкин е создавањето на групата Тоорама[2], чиј репертоар ги вклучувал песни од локалните култури.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мир глухих и слабослышащих Республики Мордовия.
  2. 2,0 2,1 «Эрзянь Мастор» // Звезда упала — свет её остался.
  3. Ромашкин В.И. О некоторых особенностях традиционного песенного искусства мордвы-каратаев // Фольклор в творчестве мордовских писателей и композиторов / Тр. МНИИЯЛИЭ. Вып. 86. – Саранск, 1986.(руски)
  4. Merja SALO.
  5. Мордовия музыкальная // Музыкальный фольклор мордвы-каратаев (руски)(рус.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]