Владимир Ралев
Роден | 1934 (Гевгелија, ![]() |
---|---|
Починал | 1 април 2016 Женева, ![]() |
Занимање | бизнисмен и добротвор |
Владимир Ралев (Гевгелија, 1934 - Женева, Швајцарија, 1 април 2016) — еден од најголемите македонски бизнисмени во светот, филантроп, донатор и македонски патриот. Голем дел од својот работен век Ралев го поминал во многу светски метрополи, а последните негови деловни активност биле на релациите Пакистан, Хонг Конг, Женева.[1]
Биографија[уреди | уреди извор]
Творештво[уреди | уреди извор]
Ралев е роден во 1934 година во Гевгелија, завршил гимназија во Велес, а на Унивeрзитетот во Белград дипломирал историја на уметност и археологија, а потоа завршил и висока школа за трговија. Во 1980 година ја отворил својата прва компанија што се занимава со прозводство, маркетин и менаџмент, а подоцна прераснува во еден од наголемите производители на памук и памучно предиво, платно, печатено платно, обоено платно и др. Во погоните на неговите компании во Пакистан и во Источна Африка се вработени пoвеќе од 200 работници, како и соодветен број високостручни кадри. Напоредно со својот деловен ангажман Ралев ја афирмирал Македонија, нејзината историја, положба и правата на македонците во соседството, како и позицијата на МПЦ - ОА. Владимир Ралев бил и еден од најголемите македонски донатори за Македонците што живеат во соседните земји. Во 2013 година добил Медал за заслуги за Македонија за значајниот придонес за афирмација на Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка со Швајцарската Конфедерација.[2] Бил и почесен конзул на Македонија во Женева.[3] Бил и носител на титулата Македонски сенатор, награда од највисоко признание што ја доделува Светскиот Македонски Конгрес. Починал во Женева, Швајцарија на 1 април 2016 година.[4]