Прејди на содржината

Владимир Морозов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Морозов
Лични информации
Целосно имеВладимир Морозов
Националност Русија
Роден на16 јуни 1992(1992-06-16)(32 г.)
Роден воНовосибирск, Русија
Висина&100000000000001800000001,80 м
Тежина73 kg (161 lb)
Спорт
ДисциплиниКраул, грбно, градно
КлубSwim Torrance

image = Vladimir Morozov, Trojan Swim Club, after winning 50-meter free (34348704764).jpg

Владимир Морозов

Владимир Викторович Морозов (руски: Владимир Викторович Морозов; роден на 16 јуни 1992) е руски пливач и олимписки освојувач на бронзен медал. Тој е моментален руски рекордер на 50 метри грбно (долг курс) и на 50 метри краул (краток и долг курс).

Пливачка кариера

[уреди | уреди извор]

На Летните олимписки игри 2012 во Лондон, Морозов бил дел од рускиот штафетен тим на 4x100 м краул кој завршил на третото место зад Франција и САД. Пливајќи во третата измена, Морозов испливал време од 47.85.[1][2]

По игрите во Лондон, Морозов настапил на Европското првенство во мали базени и на Светското првенство во мали базени одржани кон крајот на 2012 година. На Европското првенство во Шартр, Морозов освоил 7 медали од кои злато на трките на 100м краул и 100м мешано. На Светското првенство во Истанбул, Морозов освоил златен медал во дисциплините 50 и 100м краул, и сребрен медал со рускиот штафетен тим на 4x100м мешано. На трката на 50м краул, Морозов го победил олимпискиот шампион Флоран Маноду и поставил нов државен рекорд од 20.55.

На Светското првенство 2013 во Барселона, Морозов го освоил сребрениот медал на трката на 50м краул, и бил дел од рускиот штафетен тим кој стигнал до бронзениот медал на 4x100м краул. На Светското првенство 2015 во Казањ, Морозов испливал најбрзо време во полуфиналето на трката на 100м краул но подоцна бил дисквалификуван поради лош старт. На трката на 50м краул, Морозов завршил на четвртото место и за една стотинка не успеал да стигне до бронзениот медал. Сепак, заедно со рускиот штафетен тим, тој успеал да го освои сребрениот медал на 4x100м краул.

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]
Обновено на 16 август 2015
Дисциплина Време Место Датум
50 м краул 21.47 Барселона 3 август 2013
100 м краул 47.62 Казањ 28 јули 2013
50 м грбно 24.52 Москва 16 мај 2014
100 м грбно 53.70 Казањ 17 април 2013
Орден "За заслуги кон татковината" II степен (13 август 2012) – за неговиот огромен придонес во развојот на физичката култура и спорт, и високи спортски достигнувања на Летните олимписки игри 2012 во Лондон (Обединето Кралство).
  1. „Владимир Морозов“. London2012.com. Архивирано од изворникот на 2012-12-27. Посетено на July 30, 2012.
  2. Владимир Морозов Архивирано на 6 февруари 2013 г.. sports-reference.com

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]