Владимир Машков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
  1. ПРЕНАСОЧУВАЊЕ Шаблон:Инфокутија Личност

Владимир Машков (руски: Владимир Львович Машков, роден на 27 ноември 1963 во Новокузнецк) е руски и советски актер, режисер, продуцент и писател.

Потекнува од актерско семејство. Во средината на 1960-тите, неговото семејство се преселило во Новокузнецк, а во доцните 1970-ти во Новосибирск, каде Машков започнал да учи биологија на универзитетот. Но по само една година, тој се откажал и се запишал на драмското училишпте во Новосибирск.

Во 1984 година бил протеран од училиштето, а тој заминал во Москва каде влегол во Московскиот театар за уметност, во студиото на Тарканов. Кратко по ова, тој се вклучил во студиото на Олег Табаков, играјќи улогуи во театрот во негова режија.

На филмската сцена дебитирал во 1989 година во филмот Зеленосветла коза. Во 1990 година дипломирал на Московски уметнички театар. Својата слава Машков ја добил во филмовите: Граница, Американска ќерка како и во филмот Олигарх, а по ова започнал да се појавува и во холивудските филмови. Една од најпознатите улоги му е онаа во филмот Behind Enemy Lines.