Википедија:Уредувачки натпревари/Фудбал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар на тема
„Фудбал“

 

од 19 ноември до 18 декември 2022 година

 

Уредувачки натпревар на тема „Фудбал“ — проект на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Фудбал“.

Натпреварот започнува на 19 ноември 2022 г. во 00:00 ч. и завршува на 18 декември 2022 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Главна тема на натпреварот е фудбалот и сите статии поврзани со него ќе бидат признаени и бодувани. Може да се уредуваат и постоечки статии поврзани со фудбалот, каде бодувањето ќе се врши во поглед на додадената количина нов материјал, како и севкупното средување на постоечката статија.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Статиите ќе ги прегледува оценувачки одбор, кое ќе биде составено од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да биде создадена нова страница, или правење ситни подобрувања на некоја статија). На натпреварот не се признаваат статии напишани автоматски, односно со помош на бот.

Победникот на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе собере најмногу бодови, како и ќе напише статии подобни за другите награди, кои ќе се бодуваат засебно.

Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди. Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. Ivka20 (разговор) 15:03, 18 ноември 2022 (CET)[одговори]
  2. Тиверополник (разговор) 11:45, 19 ноември 2022 (CET)[одговори]
  3. Carshalton (разговор) 23:26, 19 ноември 2022 (CET)[одговори]
  4. ХсараХ (разговор) 22:30, 20 ноември 2022 (CET)[одговори]
  5. Bojan9Spasovski (разговор) 11:40, 23 ноември 2022 (CET)[одговори]

Членови на оценувачки одбор[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (О1)
  2. Ehrlich91 (О2)
  3. Инокентиј (О3)
  • Станете член на оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Материјали за користење[уреди извор]

Може да се користат преводи, но се препорачува користење извори на македонски јазик, односно истражување од македонските мрежни страници и нивно наведување во статиите.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за книги и техничка стока. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница, наведете по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Споделено знаење, во зградата на Сивус Бизнис Инкубатор во Скопје.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на оценувачкиот одбор

Награда ќе биде доделена и за најдобриот нов учесник, односно корисник кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари.

Посебна награда ќе биде доделена за корисникот кој ќе напише „најмногу статии за Светското првенство во фудбал 2022“.

Важно: За да се освои било која награда, потребно е да се создадат или подобрат најмалку 25 статии оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на оценувачкиот одбор.

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 12.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 6.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

Награда за најдобар нов учесник[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари.

Посебна награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Резултати[уреди извор]

Списокот на оценети статии е достапен на страницата со евиденција. Во табелата во продолжение се рангирани учесниците врз основа на збирниот резултат на оценките доделени од страна на членовите на оценувачкиот одбор.

Број Корисник Збирен резултат
1 Тиверополник 1.667
2 Bojan9Spasovski 385
3 Carshalton 383
4 Ivka20 270
5 ХсараХ 21
Награда за најдобра статија
Награда за најдобар нов учесник
Посебна награда

Техничка поддршка[уреди извор]