Википедија:Избрана статија/2009/37

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сонцето.

Ѕвезда е масивно тело од јонизиран гас (главно водород) во надворешната вселена, што произведува или произведувала енергија преку нуклеарна фузија. Најпозната и најблиска ѕвезда до Земјата е Сонцето. За разлика од планетите, една ѕвезда поради интензивната топлина зрачи светлина. Научно, ѕвездите се дефинираат како самогравитирачки сфери од плазма, што создаваат нивна сопствена енергија преку процесот на нуклеарна фузија. Науката што се занимава со проучување на ѕвездите се нарекува ѕвездена астрономија.

Ѕвездите можат да се видат на небесниот свод како точки што треперат, заради ефектот на земјината атмосфера и нивното растојание од нас (кое што обично се мери во светлосни години). Сонцето е исклучок - тоа е единствената ѕвезда доволно блиску до Земјата за да биде видливо како небесно тело составено од различни сфери. Најблиската ѕвезда до Сонцето, Проксима Кентаури, се наоѓа на приближно четири светлосни години од Сончевиот систем, односно 250 000 пати подалеку од Сонцето. Повеќе...



Неодамна избрани: Галија (брод) · Владетелот · Иштван I