Прејди на содржината

Вештерката од Блер

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Вештерката од Блер“
Плакатот на македонски
Режисер
Сценарист
  • Даниел Мирик
  • Едуардо Санчес
Главни улоги
МузикаТони Кора
КинематографијаНил Фредерикс
Монтажа
  • Даниел Мирик
  • Едуардо Санчес
СтудиоHaxan Films
Дистрибутер
Премиера23 јануари 1999 г. (Sundance)
14 јули 1999 г. (САД)
Времетраење81 минута[2]
Земја САД
Јазик
Буџет200.000 — 750.000 илјади долари[3]
Бруто заработка248,6 милиони долари[4]

Вештерката од Блер (англиски: The Blair Witch Project, буквално: Проект „Вештерката од Блер“) — американски нискобуџетен филм на ужасите од 1999 г. во режија на Даниел Мирик и Едуардо Санчес по сценарио напишано од нив. Приказната ги следи тројцата студенти по филм што се губат и исчезнуваат без трага во шумите во Мериленд додека го снимаат нивниот курсен проект за месната легенда, вештерката од Блер. Филмот е снимен со љубителски камери во вид документарец, наводно составен од материјали снимени од исчезнати студенти.[5][6]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во октомври 1994 г., студентите Хедер Донаху, Мајкл Вилијамс и Џошуа Леонард решаваат да направат документарец за легендарната вештерка од Блер. Тие патуваат во Буркитсвил, Мериленд (поранешен Блер) и разговараат со мештаните за легендата. Мештаните им кажуваат за Растин Пар, отшелник што живеел во шумата и грабнал осум деца во 1940-тите. Ги носел децата во својот подрум во парови и додека едното дете стоело во аголот, го убивал другото. Откако бил донесен во полиција, Пар почнал да тврди дека духот на Ели Кедвард, жена погубена поради вештерство во XVIII век, го натерала да ги изврши убиствата. Студентите потоа ја интервјуираат Мери Браун, за која сите мислат дека е луда. Таа тврди дека лично ја запознала вештерката од Блер, опишувајќи ја како влакнеста получовечка и полуживотна ѕверка.

На вториот ден, студентите ги истражуваат шумите во Северен Буркитсвил за сѐ друго поврзано со легендата. По пат тие среќаваат двајца рибари, кои ги предупредуваат дека шумата е проколната и дека во 1888 г. исчезнала младата девојка по име Робин Вивер, а кога се вратила три дена подоцна, таа рекла дека видела „старица, чии стапала не ја допирале земјата“. Студентите потоа пешачат до Кофин Рок, каде што пет мажи биле ритуално убиени во XIX век, но нивните тела подоцна исчезнале.

Не можејќи да го пронајдат патот на шумската карта, Мајк ја фрла во реката без знаење на неговите пријатели, предизвикувајќи Хедер и Џошуа насилно да го нападнат подоцна кога ќе сфатат дека се изгубени. Залудно се обидуваат да ја најдат колата што ја оставиле некаде во шумата, како и излезот. Навечер слушаат разни морничави и вознемирувачки звуци што не знаат од каде доаѓаат. Иако се гладни и уморни, Хедер не мисли да ја напушти опремата. Неколку дена подоцна, Џош таинствено исчезнува, по што Хедер и Мајк сфаќаат дека има нешто натприродно и дека нема живи да излезат од шумата. Следниот ден, Хедер наоѓа крвав сноп од гранки врзан со парче од кошулата на Џош. Мајк и Хедер тргнуваат во потрага по Џош. Во текот на ноќта, тие откриваат морничава куќа сред шума. Влегуваат да го бараат Џош внатре со вклучена камера, каде што се таинствено убиени.

  1. Harris, Dana (14 March 2000). „Summit rises for 'Escapade'. Variety. Посетено на 15 October 2022.
  2. The Blair Witch Project. British Board of Film Classification. August 4, 1999. Архивирано од изворникот February 11, 2017. Посетено на July 28, 2016.
  3. Stephen Galloway (January 18, 2020). „What Is the Most Profitable Movie Ever?“. The Hollywood Reporter. Посетено на April 26, 2020.
  4. „The Blair Witch Project“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот April 24, 2013. Посетено на April 4, 2013.
  5. Klein, Joshua (July 22, 1999). „Interview – The Blair Witch Project“. The A.V. Club. Архивирано од изворникот January 21, 2015. Посетено на January 26, 2015.
  6. „An Exclusive Interview with Dan Myrick, Director of The Blair Witch Project“. House of Horrors. Архивирано од изворникот March 3, 2016. Посетено на March 17, 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]