Васко да Гама (мост)
Мост Васко да Гама | |
---|---|
Поглед на мостот од птичја перспектива | |
Координати | 38°45′43″N 9°02′35″W / 38.762° СГШ; 9.043° ЗГД |
Носи | Шест патни ленти од IP 1 A 12 |
Преминува | Река Тахо |
Место | Сакавем, северно од Лисабон (десно/северен брег) Алкошете и Монтижу (лево/јужен брег) |
Официјален назив | Мост Васко да Гама |
Сопственик | Република Португалија |
Одржувач | Лусопонте (1994–2030)[1][2] |
Особености | |
Вид | кабелски мост, вијадукти |
Вкуп. должина | 12,345 км[3][4] |
Ширина | 30 м |
Висина | 148 м[5] (столб) |
Најдолг распон | 420 m |
Историја | |
Проектант | Армандо Риго |
Почнат | февруари 1995[4] |
Завршен | март 1998[4] |
Отворен | 29 март 1998 |
Сообраќај | |
Мостарина | север: €2,85–€12,20[6] југ: бесплатно |
Местоположба | |
Мост Васко де Гама (португалски: Ponte Vasco da Gama) — кабелски мост преку реката Тахо во Парке дас Насоес (Парк на нациите) во Лисабон, главниот град на Португалија.
Тој е втор најдолг мост во Европа, по Кримскиот мост,[7] и најдолг во Европската Унија.[б 1] Изграден е за да се ублажи метежот на мостот „25 Април“ во Лисабон и да се избегне потребата сообраќајот меѓу северните и јужните области на земјата да поминува низ главниот град.[11]
Изградбата започнала во февруари 1995 година; мостот бил отворен за сообраќај на 29 март 1998 година, токму на време за Експо 98, Светскиот саем кој ја прославувал 500-годишнината од откривањето на морскиот пат од Европа до Индија од страна на Васко де Гама.
Васко де Гама е еден од двата моста што се протегаат преку реката Тахо во Лисабон.
Опис
[уреди | уреди извор]Мостот има шест коловозни ленти, со ограничување на брзината од 120 км/ч, исто ограничување како и на автопатите, освен на една делница која е ограничена на 100 км/ч. Во ветровити, дождливи и магливи денови ограничувањето на брзината се намалува на 90 км/ч. Бројот на коловозните ленти ќе се зголеми на осум кога сообраќајот ќе достигне просечен дневен 52.000.
- Делници од мост и пристапен пат
- Северни пристапни патишта: 945 метри
- Северен вијадукт: 488 метри
- Експо вијадукт: 672 метри; 12 делови
- Главен мост: главен распон: 420 метри; странични распони: 203 метри секој, (вкупна должина: 829 метри); цементни столбови: висина 150 метри; слободна висина за пловење при плима: 45 метри;
- Централен вијадукт: 6,351 км; 80 префабрикувани делови долги 78 метри; 81 столб со длабочина до 95 метри; висина од 14 до 30 метри;
- Јужен вијадукт: 3,825 км; 45-метарски делови; 84 секции; 85 столбови
- Јужни пристапни патишта: 3,895 км; вклучува наплатна рампа (18 порти) и две сервисни области.
Изградба и трошоци
[уреди | уреди извор]Проектот вреден 1,1 милијарди долари бил поделен на четири дела, секој изграден од друга компанија и надгледуван од независен конзорциум. Имало до 3.300 работници истовремено на проектот, за што биле потребни 18 месеци подготовка и 18 месеци изградба. Финансирањето било преку систем за изградба-управување-трансфер од Лусопонте, приватен конзорциум кој ги добил првите 40 години од наплатата на патарините на двата моста во Лисабон. Капиталот на Лусопонте е 50,4% од португалски компании, 24,8% француски и 24,8% британски.
Мостот има очекуван животен век од 120 години, дизајниран да издржи брзина на ветер од 250 км/ч и издржи до земјотрес 4,5 пати посилен од историскиот земјотрес во Лисабон од 1755 година (проценет на 8,5–9,0 според скалата на моменталната магнитуда). Најдлабоките темелни основи, до 2,2 метраво пречник, биле вкопани до 95 метри под средното ниво на морето. Притисокот за заштита на животната средина во текот на целиот проект резултирало со проширување на вијадуктите на левиот брег на копното за да се зачуваат мочуриштата под нив, како и столбовите на светилките на мостот се навалени навнатре за да не фрлаат светлина на реката долу.[се бара извор]
Патарина
[уреди | уреди извор]За сообраќајот кон север (до Лисабон) се наплаќа патарина, додека патувањето кон југ е бесплатно. Патарините се наплатуваат преку наплатната рампа сместена на јужниот брег на Тахо, во близина на Монтижу. Од 2020 година, патарините се движат од 2,85 евра (патнички автомобили) до 12,20 евра (камиони).[6]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vasco da Gama Bridge – Funding“. Лусопонте. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2016. Посетено на 30 ноември 2016.
- ↑ „Infraestruturas Rodoviárias > Rede Rodoviária > Concessões“ [Road infrastructures > Road network > Concessions] (португалски). Instituto da Mobilidade e dos Transportes. Архивирано од изворникот на 30 November 2016. Посетено на 30 November 2016.
- ↑ „Vasco da Gama Bridge – Construction Statistics“. Лусопонте. Архивирано од изворникот на 10 мај 2017. Посетено на 30 ноември 2016.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Мост Васко да Гама — Structurae (англиски)
- ↑ „Main features“. Лусопонте. Посетено на 30 декември2019. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 6,0 6,1 „Vasco da Gama Bridge – Tariffs“. Lusoponte. Архивирано од изворникот на 13 April 2016. Посетено на 30 November 2016.
- ↑ Hodge, Nathan. „Russia's bridge to Crimea: A metaphor for the Putin era“. CNN. Посетено на 2018-06-18.
- ↑ See for example:
- Europe — Encyclopædia Britannica
- Европа // Большая советская энциклопедия : [в 30 т.] / гл. ред. А. М. Прохоров. — 3-е изд. — М. : Советская энциклопедия, 1969—1978
- Европа // Словарь современных географических названий / Под общей редакцией Котлякова В. М.. — Екатеринбург: У-Фактория, 2006
- ↑ Avril, Pierre. „Crimée: le pont qui entérine l'annexion“. Lefigaro. Посетено на 2018-06-18.
- ↑ 15 мая будет открыт Крымский мост между Европой и Азией
- ↑ „Vasco da Gama Bridge – Background“. Lusoponte. Архивирано од изворникот на 10 May 2017. Посетено на 30 November 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vasco da Gama Bridge on bridge-info.org
- Portal das Nações Discover the Ponte Vasco da Gama
- BBC news story of bridge opening
- Flickr photos of bridge
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Мост Еланд |
Европски најдолг мост 1998 – 2018 |
Наследник Кримски мост |
|