Мост Еланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мост Еланд

Мостот Еланд е патен мост што го поврзува градот Калмар на копното на Шведска со градот Фарјештад на островот Еланд. Овој мост е еден од најдолгите мостови во Европа. Бил најдолг надводен мост до изградбата на мостот Васко де Гама во 1998 година. Мостот е поставен на вкупно 156 столбови. Мостот има своја специфика. Имено, на одредено место тој е доста издигнат над морето (има специфична грпка) за да може на тоа место непречено да се одвива поморскиот сообраќај под него.

Овој мост е најдолг на територијата на државата Шведска. Има еден друг мост кој е подолг од овој Ересундски мост, но тој мост не е комплетно на територијата на Шведска, затоа што е во меѓусебна сопственост помеѓу државата Данска и државата Шведска. Додека траела изградбата на мостот имало огромен број на поддржувачи, но и такви кои протестирале против изградбата. Противниците на градбата на мостот биле загрижени за зачувувањето на животната средина и посебно биле загрижени дека преку мостот ќе поминат многу туристи кои ќе наштетат на недопрените природни убавини на островот Еланд.[1]

Преку мостот се протегаат вкупно 4 ленти на автопатско решение.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aktuellt 1973. K G Bertmarks förlag. 1973. ISSN 0343-6993.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]