Вароша

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вароша
Βαρώσια (грчки), Maraş (турски)
градска населба
Вароша, јуни 2006 г.
Вароша, јуни 2006 г.
Држава (де јуре) Кипар
ОкругФамагуста
Држава (де факто) Северен Кипар[1]
ОкругГазимагуса
Население (2018)
 • Вкупно0[2]

Вароша (грчки: Βαρώσια) или Мараш (турски: Maraş, некогаш се среќава и како Kapalı Maraş) — напуштена градска населба сместена во јужниот дел на крајбрежниот град Фамагуста (на турски Газимагуса) на островот Кипар, сега де факто дел од самопрогласената Турска Република Северен Кипар. Пред Турската инвазија на Кипар во 1974, Вароша била модерна туристичка населба во градот и имала околу 39 илјади жители.[2] По инвазијата сите мештани пребегнале и населбата останала напуштена и под контрола на Турските вооружени сили. Денеска влезот во населбата е забранет.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Во 1983 година, Турската Република Северен Кипар еднострано прогласи независност од Република Кипар. Државата не е призната од ниту една држава на ОН, освен од Турција.
  2. 2,0 2,1 „Застанавме кај напуштениот град во Кипар кој се држи во заложништво веќе 40 години“. www.vice.com (англиски). 13 август 2014. конс. 7 јануари 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]