Вардарски светилник
Вардарски светилник | |
---|---|
Φάρος Αξιού | |
Општи податоци | |
Вид | светилник |
Место | Делта на Вардар, Солунско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Координати | 40°30′40″N 22°44′51″E / 40.5111° СГШ; 22.7476° ИГД |
Завршена | 1960 |
Висина | 8 м |
Вардарски светилник (грчки: Φάρος Αξιού) — светилник во речната делта на Вардар на западниот брег на Солунскиот Залив. Се наоѓа јужно од селата Кулакија и Јунчии во општината Делта, Солунско.[1][2][3]
Светилникот се наоѓа островчето Кавура (Афродити) во Делтата на Вардар, кое во летната сезона станува полуостров. Изграден е во 1960 г. Кулата е висока 8 м, а жаришната рамнина е на висина од 9 м. Трепка двапати на секои 12 секунди бело, црвено или зелено, во зависност од правецот од кој се гледа. Бидејќи подрачјето често е магливо, има и радиофар.[1]
Вадарскиот светилник ја бележи најтесната точка на Солунскиот Залив меѓу ’ртовите Вардар и Голем Карабурун. Сè до почетокот на 1990-тите во светилникот живееле светилничари со нивните семејства, бидејќи дотогашната технологија барала човечко присуство. Потоа светилникот е автоматизиран, па затоа редовнотоп присуство на светилничар станало излишно. Поради тоа, патот до него престанал да се одржува и денес се пристапува само со пловило.[4]
Во заливот има уште два светилника — Солунскиот највнатре и Карабурунскиот на источниот брег.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Wire, Elinor, Dolores Reyes-Pergioudakis (2010). The Lighthouses of Greece. Sarasota, Florida: Pineapple Press. стр. 25. ISBN 978-1561644605.
- ↑ „Lighthouses of Northern Greece“. The University of North Carolina at Chapel Hill. Архивирано од изворникот 2007-02-23. Посетено на 15 мај 2020.
- ↑ „Lighthouse Aksios“. faroi.com. Архивирано од изворникот на 2014-05-18. Посетено на 15 мај 2020.
- ↑ „Πολιτιστικά μνημεία“. Εθνικό Πάρκο. Посетено на 22 октомври 2022.