Ванче Лековски
Ванче Лековски | ||
Роден | 1911 година Нежилово, Косовски Вилает, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 30 декември, 1944 година Гнилане | |
Народност | Македонец |
Ванче Колев Лековски ( 1911 во Нежилово (Кратовско) — 30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Се занимавал со земјоделие и сточарство. Бил татко на повеќечлено семејство, бил неписмен, но природно надарен и снаодлив човек. Бугарскиот окупатор се сомневал во него ѝ како непожелен за нив го интернирале во Бугарија, каде омразата кон окупаторот уште повеќе му се зголемила. По враќањето од интернација, иако бил следен од бугарската полиција, продолжил да го помага ослободителното движење. На 12 септември 1944 година го оставил семејството и се приклучил во редовите на Месна команда - Кратово, а потоа во состав на Седумнаесеттата Македонска бригада. Учествувал во сите борби што ги водела неговата бригада до конечното ослободување на Македонија. Загинал во една борба во близината на Гнилане на 30 декември 1944 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 41.