Булит (филм од 1968)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Булит (англиски: Bullitt) - американски филм од 1968 година, во режија на Питер Јејтс, според сценариото на Алан Трастмен и Хари Клајнер, засновано врз романотНемиот сведок“ на Роберт Л. Пајк. Во главните улоги настапуваат: Стив Меквин, Роберт Вон, Жаклин Бизе, Дон Гордон, Роберт Дувал, Сајмон Оукленд и Норман Фел. Со улогата во овој филм, Меквин преку ноќ се стекнал со голема слава, играјќи го ликот на груб и асоцијален полицаец што ќе остане како модел за подоцнежниот лик на Валканиот Хари.[1] филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во две категории, а ја освоил онаа за најдобра монтажа. Во 2007 година, филмот бил зачуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Џони Рос е мафијашки поткажувач, кој на своите шефови им украл два милиона долари и одлучил да сведочи против нив. Бидејќи тој има нпосреден контакт со мафијашките шефови, сенаторот Челмерс (го игра Вон) сака да го искористи неговото сведочење за да си ја унапреди својата кариера. Заштитата на сведокот полицискиот капетан Сем Бенет (го игра Оукленд) му ја доверува на искусниот детектив Френк Булит (го игра Меквин), кој помислува дека задачата ќе биде лесна. Рос живее во една соба во евтин хотел, а Френк го посетува заедно со својот ортак Делјети (го игра Гордон), кој пак ангажира друг детектив да го чува Рос во собата. Меѓутоа, веќе утредента, двајца непознати упаѓаат во собата и пукаат во Рос и во детективот. Потоа, истиот убиец оди во болницата каде лежи Рос, со намера да го убие, но Булит го забележува и почнува да го брка. Набргу, Рос умира, а Булит го сокрива неговиот труп, додека Челмерс упорно го бара својот сведок. Наспроти заканите, Булит почнува сопствена истрага и најпрвин ја предизвикува смртта на убиецот на Рос, а потоа следејќи еден телефонски разговор, доаѓа во хотелот каде е сместена девојката на Рос, но неа ја пронаоѓа мртва. Тука, Булит открива едно изненадување: убиениот човек во хотелот не е вистинскиот мафијашки поткажувач, туку тој искористил друг човек за да побегне. Во последен миг, Булит го наоѓа вистинскиот човек во аеродромот и по кратка брканица успева да го убие. Така, Челмерс останува без својот важен сведок.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]