Бронциja Колер-Пинел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бронција Колер-Пинел (околу 1900 година)

Бронција Колер-Пинел (25 февруари 1863, Санок - 26 април 1934, Обервалтерсдорф) — австриски експресионистички сликар кој специјализираше во портрети и мртва природа.

Живот[уреди | уреди извор]

Пинел била родена како Бронислава Пинелес во едно еврејско семејство на територијата на денешна Полска. Нејзиниот татко Саул Пинелес (1834 година, Тисмениција – 1903 година, Виена), беше дизајнер на воени тврдини.[1] Во 1870 година, тие се преселиле во Виена за да започнат бизнис за производство (каде што тие го промениле семејсното име во "Пинел") и таа присуствуваше на приватни лекции за уметност од Алојс Делуг.[2] Во 1885 година, таа ја одржа својата прва јавна изложба. Наредните пет години таа студираше во Минхен во "Damenakademie" на Минхенската асоцијација на уметници во студијата на Лудвиг фон Хертерих. Ова беше проследено со изложба во Куќата на уметници во Виена, во Минхен и во Лајпциг.[2]

Во 1896 година, против волјата на нејзиното семејство, таа стапи во брак со електро-физичарот проф. д-р Хуго Колер, кој беше Католик. Нивните деца израснале како Христијани, но таа никогаш не конвертирала. На почетокот, тие живееле во Салцбург и Нирнберг, но се вратија во Виена во 1902 година. Набргу потоа, таа беше прифатена како членка на Виенскиот сецесион. Во 1904 година, таа наследи куќа во Обервалтерсдорф. Семејството наскоро се пресели таму, по што куќата беше редекорирана од Јозеф Хофман и Коломан Мозер, нејзини соработници од Виенскиот сецесион. Кратко потоа, таа отвори салон[3], кој беше посетуван од Егон Шиле, Антон Фајстауер и Алберт Париз Гјутерсло и други.

Нејзиниот син, Руперт (1896-1976), станал диригент и кратко време бил во брак со Ана Малер. Нејзината ќерка Силвија (1898-1963) исто така била сликар.

Избрани слики[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Die Malerin Broncia Koller 1863–1934. Exhibition catalog, Niederösterreichisches Landesmuseum, Vienna (1980)
  • Tobias G. Natter: Broncia Koller Pinell. Eine Malerin im Glanz der Wiener Jahrhundertwende. Exhibition catalog. Jüdisches Museum, Vienna (1993)
  • Boris Manner: Broncia Koller-Pinell 1863–1934. Brandstätter, Vienna (2006) ISBN 3-902510-88-9

Надворешни врски[уреди | уреди извор]