Бришач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рака и метлица на бришач.

Бришач[1] — механички уред што отстранува дожд, снег, вода и останати остатоци од ветробранот. Речиси сите моторни возила, вклучувајќи автомобили, возови, автобуси, одредени авиони и чамци, се опремени со бришачи на ветробранот, оваа опрема вообичаено е законски задолжителна.

Тие најчесто се управувани од контролна рачка на управувачот, а кај полуксузните возила се вклучуваат од сетилник за дожд.[2]

Според производителите бришачот има животен век од 500.000 циклуси, што одговара на една година користење (ова времетраење на абење ги зема предвид не само бројот на циклуси, туку и годишните температурни промени што ги ослабуваат метлиците).[3]

Најчести се напоредните (паралелните) бришачи. За да се подобри аеродинамиката на возилото, бришачите на ветробранот се прикачени на возилото под работ на хаубата и затоа се едвај видливи кога не се вклучени. Бришачите со спротивно движење нудат некои производители, како на пример кај моделот VW Sharan.

Еден бришач е погоден за помали возила кои имаат мала површина на ветробранот. Кај автобусите се користат напоредни бришачи. Тројни напоредни бришачи се погодни за големи површини на ветробранот, на пример на тешки товарни возила.

Историја[уреди | уреди извор]

Мери Андерсон е пронаоѓачката на првиот оперативен бришач. Го патентирала во 1903 година: рачно управуван со лост, вклучува подвижна рака на која е прицврстена гумена метлица која во лето се вади. Пронаоѓачот Вилијам М. Фолберт направил автоматски бришач во 1921 година користејќи електрични мотори кои ги движат бришачите напред и назад.[4] Роберт Кернс вовел систем за вклучување со прекини во 1963 година.

Метлица[уреди | уреди извор]

  • традиционална или класична со зглобна рамка, има предност што е економична. Прво каучуково сечило е поставено на метални држачи, потоа сечилата се заменуваат со профилирани гумички поделени на неколку сегменти и стабилизирани со метални носачи.
  • „Рамен нож“ или флексибилна, поефикасна и аеродинамична, но поскапа. Подолги, потенки и флексибилни благодарение на гумичките кои се директно вградени во сечилото со ребро, тие подобро се вклопуваат во ветробранот.
  • хибрид од претходните два, со економична, но поаеродинамична рамка.

Производителите историски го продавале гумениот дел и неговиот држач заедно. Се јавуваат се повеќе доблесни практики да се заменува само истрошениот дел.

Геометрија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „бришач“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Auto Glossaire : Essuie-glace
  3. Votre Auto émission RMC du 21 novembre 2010
  4. Folberth, Fred G.; Folberth, William M. (1922-06-20). Windshield cleaner. Посетено на 2023-05-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]