Брита Хајдеман
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Олимписки медали | ||
| Мечување во женска конкуренција | ||
|---|---|---|
| Атина 2004 | Меч (жени, екипно) | |
| Пекинг 2008 | Меч (жени) | |

Брита Хајдеман (герм. Britta Heidemann, р. 22 декември, 1982 во Келн) — германска мечувалка во дисциплината меч. Го постигнала својот најголем успех на 13 август на Летните олимписки игри 2008 во Пекинг, кога ја поразила Ана Марија Бранза (Романија) и со тоа го освоила златниот медал[1][2]. Само неколку минути пред тоа, нејзиниот сонародник Бенјамин Клајбрин го освоил златниот медал во поединечен флорет. Пред ова, најголем успех доживеала на Светското првенство во мечување 2007 кога го освоила златниот медал (поединечно). На Летните олимписки игри 2004 освоила сребрен медал во дисциплината меч заедно со членовите на нејзината екипа, Клаудија Бокел и Имке Дуплицер. На Светското првенство во мечување 2006 Хајдеман го освоила бронзениот медал со тоа што ја поразила Романија во дисциплината меч (екипно), заедно со нејзините соборци Имке Дуплицер, Клаудија Бокел и Маријана Марковиќ. Хајдеман моментално живее и студира во Келн.
Олимпијади
[уреди | уреди извор]- Атина — Сребрен медал
- Пекинг 2008 — Златен медал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Britta Heidemann“. databaseOlympics.com. Архивирано од изворникот на 2011-09-29. Посетено на 2012-03-03.
- ↑ Evans, Hilary; Gjerde, Arild; Heijmans, Jeroen; Mallon, Bill; и др. „Britta Heidemann“. Olympics at Sports-Reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2020-04-17. Посетено на 2012-03-03.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Брита Хајдеман“ на Ризницата ? |
- Запис во „Кој е кој“ во Леверкузен (германски)
|
| Оваа биографска статија за личност од Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Оваа статија поврзана со мечувалството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |