Бразилска куќа

Координати: 48°49′4″N 2°20′37″E / 48.81778° СГШ; 2.34361° ИГД / 48.81778; 2.34361
Од Википедија — слободната енциклопедија
Бразилска куќа
Maison du Brésil
Карта
Општи податоци
МестоФранција
АдресаБул. „Журдан“ бр. 7 Л (7 L Boulevard Jourdan), 75014 Париз
Координати48°49′4″N 2°20′37″E / 48.81778° СГШ; 2.34361° ИГД / 48.81778; 2.34361
СопственикМеѓународен универзитетски град Париз
Проектирање и изградба
АрхитектЛе Корбизје

Бразилска куќа (француски: Maison du Brésil) ― зграда на студентски хостел сместена во комплексот Универзитетски град во Париз, Франција, дизајнирана од познатите архитекти Ле Корбизје и Лусио Коста за бразилски студенти и научници. Изградена е во 1957 година, а обновена во 2000 година. Првата скица за зградата ја направил Коста, но набргу потоа Ле Корбизје станал соработник, изработувајќи го конечниот дизајн.[1]

Функција[уреди | уреди извор]

Бразилска куќа е посветена на сместување на бразилските студенти, професори и истражувачи научници кои доаѓаат во Париз за академска работа. Во него се сместени и уметници и други професионалци кои делуваат во Париз. Од своето отворање во 1959 година, во неа биле сместени Жоаким Педро де Андраде, Жаиме Лернер, Зуенир Вентура, Себастиао Салгадо, Артур Мореира Лима, Зозимо Баросо до Амарал, Антонио Абужамра, Франсиско Резек и многу други.

Архитектура[уреди | уреди извор]

Горните пет ката се состојат од ќелиски еднокреветни и двокреветни спални соби, музичка соба, заедничка кујна и студио во заострен долг тесен блок. Приземјето со менза, стан за чувари, соба за состаноци за игри итн. се состои од лабаво обликуван склоп на соби што изгледа како да поминува под горниот блок.

Многу посетители на зградата се воодушевени од грубите текстури, жолтите бои на прозорците и вратите кои се одразуваат во подоцнежните живеалишта во Берлин, Фирмини Верт и на други места.

Дизајниран од двајца водечки архитекти, Ле Корбизје и Лусио Коста, Бразилска куќа била препознаена како важно архитектонско наследство. Таа била додадена во 1985 година на списокот на француски историски споменици. Годишно прима стотици посетители, архитекти, студенти и ентузијасти за архитектура, кои можат да ја посетат салата и студентска соба со изворниот дизајн на Корбизје.[2]

Културни инфраструктури[уреди | уреди извор]

Бразилкаата куќа има и театар, изложбена сала, обемна библиотека од 12500 наслови на португалски и француски, видеотека од 1500 наслови и конференциска сала за повеќекратна употреба.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Boesiger, Willy (1972). Le Corbusier. London: Thames and Hudson. стр. 126.
  2. „Maison du Brésil - Le bâtiment“. Maisondubresil.org. Архивирано од изворникот на 2013-06-14. Посетено на 30 март2023. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]