Бојан Кркиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојан Кркиќ
Бојан со Барселона во 2008
Лични податоци
Полно име Бојан Кркиќ Перес [1]
Роден на 28 август 1990(1990-08-28)(33 г.)
Роден во Линјола, Шпанија
Висина &100000000000001700000001,70 м[2]
Позиција Напаѓач / Офанзивно крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Мајнц
(позјемен од Стоук Сити)
Број 10
Младинска кариера
1999–2006 Барселона
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2007 Барселона Б 22 (10)
2007–2011 Барселона 104 (26)
2011–2013 Рома 33 (7)
2012–2013Милан (позејмен) 19 (3)
2013–2014 Барселона 0 (0)
2013–2014Ајакс (позејмен) 24 (4)
2014– Стоук Сити 60 (14)
2017Мајнц (позејмен) 9 (1)
2017–Алавес (позејмен) 13 (0)
Репрезентација
2006–2007 Шпанија 17 20 (16)
2007–2011 Шпанија 21 21 (4)
2008 Шпанија 1 (0)
2007–2014 Каталонија 7 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 22:21, 9 May 2017 (UTC)

Бојан Кркиќ Перес (шпански изговор: [ˈboʝaŋ ˈkirkitʃ ˈpeɾeθ];[3]; (роден на 28 август 1990 година), познат како Бојан, е шпански професионален фудбалер кој моментално настапува како позејмен играч во шпанскиот Алавес, како позејмен играч од Стоук Сити.

Бојан ја започнал својата кариера во Барселона каде што напредувал преку младите категории во познатата академија на Барселона Ла Масија. Поради неговиот ветувачки напредок во младите категории, тој го направил своето деби за првиот тим на Барселона на возраст од 17 години и 19 дена, со што го срушил рекордот на Лионел Меси. Во неговата деби сезона во Ла Лига 2007-08 година, тој постигнал 12 гола на 48 натпревари. Севкупно, тој поминал четири сезони на Камп Ноу, постигнувајќи 41 гол во 162 натпревари пред да биде продаден во јули 2011 година на италијанската Рома за сума од 12 милиони евра. Неговиот престој во Рим се сведувал на 7 гола на 37 настапи во сезоната 2011-12, каде што потоа ја сменил средината и заминал во Милан како позејмен играч од Рома. Во дресот на Милан тој постигна три гола во 27 натпревари.

Рома не ја искористила опцијата да го доплати трансферот на Бојан за дополнителни 28 милиони евра па така, Барселона повторно го потпишал за 13 милиони евра. Тој повторно бил пратен на позајмица во холандсксиот гигант Ајакс каде што помогнал да ја освојат титулата. Во јули 2014 година, Бојан се приклучил англискиот клуб Стоук Сити за 1,8 милиони евра. За две и пол сезони поминати во Стоук, тој одиграл 52 натпревари и постигнал 12 голови, но во јануарскиот преоден рок во 2017 година, тој бил позејмен на германскиот Мајнц, каде што одиграл 9 натпревари и постигна еден гол.

Со младата репрезентација на Шпанија до 17 години, тој го освоил Европското првенство првенство за фудбалери под 17 години и Европското првенство за фудбалери под 21 година. За сениорскиот состав на Шпанија тој настапи само еднаш во 2008 година. Исто така, тој ја претставуваше фудбалската репрезентација на Каталонија со седум настапи и 6 голови од 2007 година.

Рани години[уреди | уреди извор]

Бојан е роден во Линјола, Леида, Каталонија, од татко Србин, Бојан Кркиќ Сениор, кој исто така бил професионален фудбалер, настапувајќи за ОФК Београд, и мајка Шпанка, Марија Луиза Перес,[4] Тој настапувал во академијата на Барселона Ла Масија од 1999 до 2006 година.[5] Како брз напаѓач со доста значајни дриблинзи и вештини, било објавено дека тој постигнал повеќе од 900 голови за различни младински категории на Барселона, откако се приклучил на клубот на осум-годишна возраст.[6] Потоа тој играл за Барселона Б тимот, додека професионален договор со првиот тим на Барселона потпишал на 17 годишна возраст. Бојан го одиграл својот прв натпревар за Барселона на 24 април 2007 година, постигнувајќи гол во пријателскиот натпревар против египетскиот клуб Ал Ахли Кометал.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „FIFA Club World Cup UAE 2009 presented by Toyota: List of Players“ (PDF). FIFA. 1 December 2009. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-06-29. Посетено на 28 March 2014.
  2. „Goal.com Stoke - Bojan Krkic“. Goal.com. 2015. Архивирано од изворникот на 2017-01-03. Посетено на 15 January 2015.
  3. , Бојан is pronounced шпански изговор: [ˈboʝan].
  4. „Bojan Krkić Pérez“. FC Barcelona tickets shop. Архивирано од изворникот на 19 July 2009. Посетено на 9 May 2009.
  5. Clonati Ronaldinho e Messi, Gazzetta dello Sport, 17 January 2007 (италијански)
  6. Jenson, Pete (6 April 2010). „Bojan Krkic: Catalan kid“. Independent. Посетено на 22 July 2014.
  7. „Moral victory (0-4)“. fcbarcelona.cat. 24 April 2007. Архивирано од изворникот на 15 January 2013. Посетено на 9 May 2010.

Наводи[уреди | уреди извор]