Борис Бошкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Борис Бошкоски
Boris Boskoski.jpg
Роден 1926 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 8 мај, 1945 година
Загреб, Хрватска
Националност Македонец

Борис Јорданов Бошкоски ( 1926 во Кичево8 мај 1945 во Загреб, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВЈ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште завршил два класа гимназија, но поради тешките услови за живеење бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како чевлар. Како напреден младинец, се определил за борба против окупаторот, а во 1943 година се приклучил во партизанските единици во Србија. Учествувал во повеќе борби меѓу кои и во пробојот на Сремскиот фронт. Загинал на 8 мај 1945 година во борбите за ослободувањето на Загреб.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 45.