Бомболоне
Бомболоне (мн. бомболони) е италијанска полнета крофна (слична на берлинската, крафне, печек, итн.) и се јаде како ужинка или десерт. Името на пецивото е етимолошки поврзано со бомба, а истиот вид пециво во некои региони на Италија се нарекува и бомба (мн. „бомбе“). Етимолошката поврзаност најверојатно се должи на сличноста со гранатата или старомодната бомба и денес може да се смета и како референца за високата калориска густина на овој рецепт (т.е. „калорична бомба“).
Историја
[уреди | уреди извор]Иако бомболони можат првично да се поврзаат со Тоскана,[1] тие се традиционални и за другите региони на Италија, иако со мали варијации на рецептот. Во оние области кои порано биле под австриска власт, како Трентино Алто-Адиџе, Венето и Фриули-Венеција Џулија, се верува дека традицијата на бомболони потекнува од онаа на австрискиот „крапфен“ (т.е. Берлинер) и рецептот вклучува јајца, кои што не се наоѓаат во тосканската сорта.[2]
Пастичерите понекогаш имаат рачно напишани знаци за нив, а писателката на храна Емили Вајз, напишала дека посетителите можеби не ги сакаат толку многу топлите наполнети крофни во оваа област со салама од дива свиња и сендвичи со масло од тартуфи, но дека жителите на Тоскана уживаат во нив дури и на плажа.[3] Се продаваат и од колички на плажа[4] и малку се разликуваат од полнетите крофни во другите земји затоа што филот се става одозгора, каде понекогаш е видлив, наместо да се вбризга од страна.
Ресторанот A Voce во Њујорк ги послужува со чоколаден прелив[5], а Фиренцанците се вели дека претпочитаат бомболони калди (топли) во Бушиони, каде што се служат „директно од рерна“ и се полнат со крем, чоколадо, или мармалад.[3]
Компилацијата на италијанската пејачка Џана Нанини од 1996 година е насловена Бомболони и ја вклучува песната „Бомболони“ со стихови за топли крофни и бомби. Музичкото видео содржи племенски танц, костими, кружни црни бомби со фитили и многу крофни кои се јадат, удираат со безбол палки и се фрлаат наоколу.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Prodotti tipici toscani: bomboloni alla crema
- ↑ Bomboloni o Krapfen
- ↑ 3,0 3,1 Emily Wise Miller The Food Lover's Guide to Florence: With Culinary Excursions in Tuscany page 156
- ↑ https://www.flickr.com/
- ↑ books.google.com 2007 Atlanta