Боби Коминовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 4 март 1968
Битола, СР Македонија СР Македонија
Починал 25 февруари 2015
Ѓавато, Битолско, Македонија Македонија
Занимање саксофонист и професор

Боби Коминовски (Битола, 4 март 1968 - Ѓавато, Битолско, 25 февруари 2015) — познат македонски музичар - саксофонист и професор во Музичкото училиште во Битола. Бил член на неколку музички групи од Битола и учесник на Битолското културно лето Битфест.

Биографија[уреди | уреди извор]

Коминовски е роден на 4 март 1968 година во Битола. Музичкото образование го почнал во Битола, на отсекот по кларинет во класата на проф. Панде Татарчевски. По завршувањето на Средното музичко училиште во 1986 година се запишал на ФМУ во Скопје во класата на м-р Иван Кочаров. Во 2000 година магистрирал на ФМУ на одделот по саксофон во класата на м-р Стојан Димов. Коминовски загинал на 25 февруари 2015 година во сообраќајна несреќа на патот Битола - Ресен кај превојот Ѓавато.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]