Благоја Чешларов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Чешларов
Познат(а) и какоЧешлар
Роден(а)1 март 1933
Штип, Кралство Југославија
Починал(а)19 ноември 1985(1985-11-19) (возр. 52)
Белград, СР Србија, СФРЈ
Занимањамузичар, музички продуцент, музички уредник, наставник
Период на активност1947-1985
СоработнициДраган Ѓаконовски-Шпато, Славе Димитров, Димитар Масевски, Љубомир Бранѓолица, Александар Џамбазов
Значајни инструменти
Труба, флигелхорна

Благоја Чешларов (Штип, 1 март 1933 - Белград, 19 ноември 1985) ― југословенски-македонски трубач, музички педагог, продуцент.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Благоја Чешларов бил роден на 1 март 1933 година во Штип.[1] Основното училиште го завршил во Штип, додека средно образование стекнал во Средното музичко училиште во Скопје. Потоа се запишал на Вишата педагошка школа во Скопје.

Кариера[уреди | уреди извор]

Во 1960-тите години работел како наставник во ОУ „Владимир Илич Ленин“. Тој е еден е од основачите на забавниот (танцов) оркестар при македонското Радио Скопје заедно со Драган Ѓаконовски-Шпато, Ладислав Палфи. Подоцна станал прва труба на танцовиот оркестар на Радиото до средината на 1970-тите година кога преминал во новосоздадената музичка продукција при истото радио. Потоа бил главен уредник и продуцент на музичката продукција при Радио Скопје.[2] Во 1976 година е главен сновач е на вокално-инструменталниот состав „Македонија“, во тоа време составен од познатите македонски пејачи и студиски музичари меѓу кои како вокали: Панче и Невена Кочовски, Сашка Петковска, Верица Ристевска, Даниела Панчетовиќ, Зорица Попанкова, Кирчо Поп Лазаров; како инструменталисти: Крсто Таушанов, Марио Липша, Радослав Шутевски, Драган Вучиќ, Томе, Бошко Во 1980 година бил директор на тогаш престижниот Опатиски фестивал како претставник на македонската Радио-телевизија.

Смрт[уреди | уреди извор]

Починал во Белград на 19 ноември 1985 година.[3][1]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Синглови[4]
  • Молчи, молчи, јануари 1970, со Димитар Масевски (аранжман и музика)
  • Последна солза, јануари 1970 со Димитар Масевски (аранжман и музика)
  • Дај ми молњи, јануари 1972 со Владо Димитровски (тапани), Никола Кимовски-Коле (органа), Љубомир Бранѓолица (композитор)
  • Waltz, јануари 1985
Проширени изданија[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „На денешен ден – 1 март“. slobodenpecat.mk. 1 март 2021. Архивирано од изворникот 2021-03-01. Посетено на 10 март 2023.
  2. Марија Таушанска (1 март 2021). „Негрижата за Музичката продукција на МРТ е напад на целата македонска култура“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот 2021-03-05. Посетено на 9 март 2023.
  3. „Б. Чешларов“. discogs.com. Архивирано од изворникот 2023-03-09. Посетено на 9 март 2023.
  4. 4,0 4,1 „Благоја Чешларов“. muzichkiregistar.com. Архивирано од изворникот 2023-03-09. Посетено на 9 март 2023.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]