Ладислав Палфи
Ладислав Палфи (роден во Суботица, 8 ноември 1924 година, умрел во Скопје, 13 февруари 2008 година) е еден од првите пијанисти кои ги поставуваат основите на професионалниот пијанизам во Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Пијано студирал во Загреб. Многу рано ја покажал својата музичка дарба, јавно почнал да настапува на седумгодишна возраст. Во Скопје работи уште од 1947 година, каде што настапувал солистички и како придружник. Настапувал во сите поголеми културни центри на бившата СФРЈ и во Швајцарија, Романија, Грција, Бугарија и др., со успех ги претставувал делата на македонските композитори.
Исто така се истакнал и како автор на филмска и театарска музика. Од 1948 до 1966 година работи во Македонскиот народен театар како корепетитор и музички оформувач на голем број драмски претстави. Работел како музички уредник во македонското Радио и Телевизија. Воедно бил и професор во Вишото музичко училиште во Скопје. Како автор на филмска музика, дебитира во 1951 година, со документарниот филм „Свилен Конец“.
Филмографија
[уреди | уреди извор]- 1951: Свилен конец (Музика)
- 1954: IV Сојузно падобранско првенство (Избор на музика)
- 1954: Македонски тутун (Музика)
- 1957: Бунт на куклите (Музика)
- 1957: Сонце зад решетки (Музика)
Наводи
[уреди | уреди извор]- Врска до книгата ПАЛФИ на Владан Велков (2008) во рамки на ИРАМ Архивирано на 3 март 2012 г.
- Врска до трудот за Палфи на Трена Јорданоска (2008) во рамки на ИРАМ Архивирано на 29 декември 2009 г.