Прејди на содржината

Благоја Митревски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Благоја Митревски
Роден 1921 година
Сопиште, Скопје, Македонија
Починал 20 ноември, 1945 година
Се удавил во реката Вардар

Благоја Трајков Митревски ( 1921 во Сопиште, Скопско20 ноември 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, па се занимавал со земјоделство. Во октомври 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Со бригадата активно учествувал во борбите против балистите на падините на Водно и кај Треска. Бил учесник и во борбите за ослободувањето на Скопје. Потоа, се префрлил во дополнителниот баталјон на командата на заднината на Четириесет и првата дивизија. На 20 ноември 1945 година, несреќно се удавил во реката Вардар.[1]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 217. На |first= му недостасува |last= (help)