Бисквити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бисквити.

Бисквитите се кондиторски производи популарни во целиот свет, кои обично се конзумираат како десерт или како лесна закуска меѓу оброците. Најчесто се подготвуваат од пченично или овесно брашно, на кое му се додаваат шеќер, мед или засладувачи, како и чоколадо, јаткасто овошје, овошје или друг полнеж. Често се комбинираат со чај, кисело млеко, пресно млеко или мармалад.

Името „бисквита“ доаѓа од латинските зборови „bis“ - двојно и „coquere“ - да зготви, што во биквален превод значи испечени или зготвени два пати. Името доаѓа од начинот на кој се подготвувани бисквитите на почетокот - прво се печеле во фурна, а потоа се засушувале на слаб оган.

Денес, освен засладени бисквити и бисквити со јајца, путер и зачини, има и побогати бисквити со овошен фил, јаткасто овошје, карамел и други состојки - тоа е т.н. чајно печиво. Многу се популарни прелиените бисквити, и тоа најчесто со чоколадо. Бисквитите се среќаваат во најразлични форми и вкусови. Во Англија чајните бисквити имаат големо културно значење како традиционален додаток на пооброчниот чај. Солените бисквити често се конзумираат со сирење по јадењето, за подобрување на варењето на храната. Освен како десерт, некои бисквити се употребуваат за подготовка на различни слатки и торти. Тортата од бисквити е познат благ деликатес.