Билјана Караман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Родена 9 јуни 1942
Смедерево, СФРЈ СФР Југославија
Занимање биолог


Билјана Караман (9 јуни 1942 во Смедерево) — македонски биолог и универзитетски професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Родена на 9 јуни 1942 г. во Смедерево, Србија, во семејство на познати биолози. Основно образование го започнала во Сплит, а го продолжила во Дубровник и Скопје, каде што потоа ја завршува и гимназијата. Студиите на групата биологија на ПМФ во Скопје ги завршила во 1965 година како најдобар студент. По завршувањето на студиите била избрана за асистент (1966 г.) на Зоолошкиот завод на Природно-математич­ки­от факултет во Скопје за предметите вертебрата и споредбена анатомија. Постдипломските студии ги завршила на ПМФ во Загреб во 1972 година. Докторатот, под менторство на д-р И. Матони­чки, го одбранила, исто така, на ПМФ во Загреб. Во 1980 година била избрана за доцент, потоа за вонреден професор и редовен професор на ПМФ во Скопје. Како наставник била задолжена за изведување настава по повеќе биолошки дисциплини за студентите од групата биологија и од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет. Нејзината научна дејност се одвива во рамките на проучувањето на фауната на одонатите, главно, во Македонија, а делумно и надвор земјата, при што тие се проучувани од сис­тематско таксономски и еколошки аспект, со посебен акцент на синеколошките истра­жу­вања. Во последно време се занимава со истражување на функционалната морфогија кај охридкста пастрмка.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Караѓозов“. Македонска енциклопедија , книга I (А-Љ): стр. 670. (2009). Скопје: МАНУ.
  2. Караман, Билјана (20.06.2018). „Биографија“.