Бел бог (филм од 2014)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Бел бог (англиски: Fehér isten) - унгарски филм од 2014 година, во режија на Корнел Мундручо (Kornél Mundruczó). Главните улоги ги граат: Зофија Псота (Zsófia Psotta) и Шандор Зотер (Sándor Zsótér). Филмот освоил осум награди (од кои две на Канскиот филмски фестивал) и имал 21 номинација.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Лили (ја игра Псота) е 13-годишно девојче кое има куче (Хагњн). Нејзината мајка заминува на студиски престој во Австралија и затоа ја остава кај татко ѝ Даниел (го игра Зотер). Тој ја принудува Лили да го пушти кучето на улица. Така, започнува тешкиот живот на Хаген: најпрвин, еден месар сака да го убие; потоа, едвај се спасува од шинтерската служба; па, еден скитник го продава на човек кој се занимава со недозволена трговија со кучиња за улични борби; така, Хаген завршува кај еден човек кој го тренира за борба со други кучиња; во неговата прва и последна борба, Хаген го убива кучето со кое се бори; најпосле, тој е заробен од шинтерската служба. За тоа време, Лили тагува и се обидува да го најде по улиците на Будимпешта. Истовремено, таа запаѓа во неволји и по една забава е уапсена поради поседување дрога. Дури по таа немила сцена, Лили се зближува со татко ѝ. На денот кога Лили свири на концерт со својот оркестар, Хаген убива еден од чуварите во шинтерската служба и успева да побегне од прифатилиштето за куќиња, следен од стотици други кучиња. Кучињата излегуваат на улиците на Будимпешта и предизвикуваат хаос, напаѓајќи ги луѓето. Поради тоа, во градот е воведена вонредна состојба. Хаген и кучињата упаѓаат во салата и Лили го напушта концертот, свесна дека само таа може да го запре Хаген. Во меѓувреме, тој ги убива сите луѓе кои му направиле зло. Кога најпосле се соочува со Лили, таа почнува да свири со трубата и Хаген легнува, а него го следат и другите кучиња, но и Лили и татко ѝ.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]