Белоградчишки Стени

Од Википедија — слободната енциклопедија
Белоградчишки Стени
Белоградчишки скали
Поглед на Белоградчишките Стени
Највисока точка
Координати43°37′15″N 22°41′6″E / 43.62083° СГШ; 22.68500° ИГД / 43.62083; 22.68500
Величина
Површина641,31 ha
Географија
Белоградчишки Стени
Белоградчишки скали на карта

Карта

ЗемјаБугарија
ПокраинаВидинска Област
Геологија
Старост на карпатаперм
Видгеолошка единица

Белоградчишки Стени (бугарски: Белоградчишки скали) – група се песочникповрзани седиментни стени и конгломератски формации кои се наоѓаат на западните падини на Стара Планина, во северозападниот дел на Бугарија во близина на градот Белоградчик, по кој овие стени и го добиле името. Боите на стените варираат од црвена до жолта, а во висина некои достигнуваат и 200 м. Белоградчишките Стени имаат необичен облик, поврзани се со занимливи легенди и често именувани по луѓето и предметите на кои ги потсетуваат. Бугарската влада ги прогласила за природно наследство и тие претставуваат главна туристичка атракција во Видинската Област. На овие стени расте загрозениот ендемски вид во Бугарија, Hieracium belgradense.[1]

Географија[уреди | уреди извор]

Белоградчишките Стени се простираат преку западниот дел на Стара Планина и покриваат површина од 50 [[км2]]. Се протегаат од селото Рабиш на запад до селото Белотинци на исток.

Централната група од овие стени се наоѓа во јужниот дел, во близина на градот Белоградчик. Другата група стени се наоѓа западно од градот Белоградчик и се опкружени со стрмни падини. Третата се наоѓа 4 км источно од градот Белоградчик и ги опфаќа стените околу Латинската Капија и Липеничката Пештера, додека четвртата група е стационирана меѓу селата Боровица и Фалковец. Петтата група стени се наоѓа меѓу селата Гургич и Белотинци.[2]

Геологија[уреди | уреди извор]

Многу од овие стени со стрмни вертикални падини биле формирани пред неколку стотини милиони години, како резултат на природните процеси на ерозија, делувијален процес и други природни фактори.

Во текот на тријаскиот период, овој предел бил под море. Истовремено, уништување на пораните палеозојски стени образувало огромни количини чакал, песок и глина, што реките го депонирале во морскиот базен. Седиментот се натрупувал и постепено станал подебел слој конгломерат и песочник

Во текот на периодот јура, сувата клима и високите температури образувале голема количина железен оксид, што на стените им дало црвена боја.[3]

Туризам[уреди | уреди извор]

Белоградчишките Стени се главно туристичко одредиште во северозападниот дел на Бугарија заедно со Белоградчик, Белоградчишката тврдина, пештерата Магура, која се наоѓа во околина на селото Рабиш и тврдината Баба Вида која се наоѓа во непосредна близина на градот Видин.

Бугарскиот комитет за заштита на природната околина, ги прогласил стените за споменик на природата во 1949 година, а наведени се во Бугарскиот национален регистер на природни знаменитости во 1987 година.[4]

Во 1984 година Белоградчишките Стени и пештерата Магура се поставени на привремениот список на Светското наследство на УНЕСКО.[5] Белограчишките Стени се во процес на разгледување за ставање под геопарк во рамките на Европската мрежа на геопаркови во рамките на УНЕСКО-вата мрежа на геопаркови.[6][7]

Во септември 2008 година, Белоградчиштките Стени влегле меѓу 20 финални локации во рамките на Европското одредиште на извонредност, а во јануари 2009 година, именувани се во кампањата за 7 чуда на природата во Бугарија.[8][9]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hieracium belogradcense“. Red Book of Bulgaria, vol. I.
  2. Belogradchik, Published by the Municipality of Belogradchik, The Council of Tourism in Belogradchik, & The Ministry of Environment and Water, 2009
  3. Mihaylov, Mihail & Kinka, Belogradchik Rocks and the Fortress, p.2, 2009
  4. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 26 јули 2011. Посетено на 23 јуни 2009.
  5. http://whc.unesco.org/en/statesparties/bg
  6. http://www.globalgeopark.org/english/tabid/111/InfoID/4166/frtid/139/Default.aspx[мртва врска]
  7. „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 26 јули 2011.
  8. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 13 февруари 2009.
  9. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 25 февруари 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]