Прејди на содржината

Белмужијада

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Белмужијада е стопанско-туристичка и културна манифестација која се одржува во Сврљиг (Србија) и е посветена на белмуж. Се одржува од 2006 година, започнува во првиот викенд на август и трае три дена.[1] Покровител на манифестацијата е општина Сврљиг, а организатор е Центарот за туризам, култура и спорт на општина Сврљиг.[2] Се одржува на спортскиот полигон „Пастириште“, покрај Сврљишки Тимок.[3] Манифестацијата во текот на три дена ја посетуваат преку 60.000 луѓе.[4]

Традиционална подготовка на белмуж, во котле

Белмуж е традиционален специјалитет направен од младо овчо, кравјо сирење и проино брашно, кој се сервира топол.[5] Според некои толкувања, белмужот го добил името по белото сирење и по тоа што честопати го подготвувале мажи, затоа што за непрекинато мешање на смесата во казанот потребна е силна машка рака.[6] Белмужот се наоѓа на списокот на нематеријално културно наследство на Србија.[7]

Програма на манифестацијата

[уреди | уреди извор]

Централен настан на манифестацијата е натпреварот во подготовка на белмуж.[8] Програмата на Белмужијата ја сочинуваат и пропратни манифестации како што се избор на најубава овчарка, домашни занаети, стари сврљишки јадења, овчарски игри и културна програма.

За посетителите е подготвена богата музичко-забавна програма, од домашни изведувачи на изворни песни, фолклор од Сврљиг, Ниш, Бугарија, Македонија, Грција, гајдаџии од Србија и околните земји, до концерти на познати пејачи и групи.[5]

Концерти на пејачи

[уреди | уреди извор]
Белмужијада година Пејачи кои настапувале на Белмужијада
4 2009 година. Немања Николиќ
5 2010 година Биљана Јевтиќ и Александар Илиќ, Чеда Марковиќ, Милан Топаловиќ Топалко
6 2011 година Александар Сања Илиќ и Балканика, Мирослав Илиќ
7 2012 година Ана Бекута, Адил Максутовиќ, Саша Матиќ
8 2013 година Харис Џиновиќ, Ацо Пејовиќ
9 2014 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Весна Змијанац, Тропико бенд
10 2015 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Биља Крстиќ и оркестарот Бистрик; Амадеус бенд ; Аца Лукас ( Ана Кокиќ, како гостин) [9]
11 2016 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, Медени месец ; Жељко Самарџиќ ; Дејан Матиќ [10]
12 2017 година Јасна Кочијашевиќ и Драгослав Михајловиќ Канаринац, бенд „Долче Вита“; Гоца Тржан (Тодор Китановиќ како гостин); Драгана Мирковиќ [11]
13 2018 година Љуба Лукиќ ; Александар Сања Илиќ и Балканика ; Лепа Брена [12]
14 2019 година. Бенд „Топол мај“ [б 1] ; Милица Тодоровиќ ; Халид Бешлиќ [13]

 

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Општина Сврљиг. „Култура“. Посетено на 7 февруари 2015.
  2. Упознај Србију. „Белмужијада“. Архивирано од изворникот на 8 февруари 2015. Посетено на 8 февруари 2015.
  3. Манифестације. „Белмужијада“. Посетено на 8 февруари 2015.
  4. Јужне вести. „Рекордна посећеност на јубиларној Белмужијади“. Посетено на 9 август 2015.
  5. 5,0 5,1 Општина Сврљиг. „Туризам“. Посетено на 7 февруари 2015.
  6. Сврљишке новине. „Белмужијада“. Архивирано од изворникот на 8 февруари 2015. Посетено на 7 февруари 2015.
  7. Нематеријално културно наслеђе Србије. „Листа културног наслеђа“. Архивирано од изворникот на 8 февруари 2015. Посетено на 7 февруари 2015.
  8. Порт. „Белмужијада“. Архивирано од изворникот на 8 февруари 2015. Посетено на 8 февруари 2015.
  9. Јужне вести. „За викенд у Сврљигу 10. Белмужијада“. Посетено на 31 јули 2015.
  10. „За викенд у Сврљигу 11. Белмужијада“. Јужне вести. Посетено на 4 август 2016.
  11. „Белмужијада 2017“. Сврљишке новине. Посетено на 9 август 2017.
  12. „За викенд у Сврљигу Сабор гајдаша и 13. Белмужијада“. Јужне вести. Посетено на 7 август 2018.
  13. „Ловци спремили најбољи белмуж“. Јужне вести. Посетено на 15 февруари 2020.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.