Жељко Самарџиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Жељко Самарџиќ
Основни податоци
Роден(а)3 октомври 1955
ПотеклоМостар,
Босна и Херцеговина,
СФР Југославија
Жанр(ови)поп
Занимање/њапејач

Жељко Самарџиќ (српски: Željko Samardžić; р. 3 октомври 1955 во Мостар, Босна и Херцеговина) е еден од најпознатите српски поп-пејачи.

Животопис[уреди | уреди извор]

Самарџиќ е роден во Мостар, во тоа време дел на СР Босна и Херцеговина, во Југославија. Неговиот татко бил етнички Србин од Црна Гора, а мајка му Нада беше Херцеговка од Илиќи,предградие на Мостар. Татко му бил офицер на југословенската народна армија, што значи дека семејството морало да се сели често. Првите седум години од својот живот ги поминал во Мостар а потоа Жељко, живеел и се школувал во Никшиќ, Игало и Задар а потоа повторно се враќаат во Мостар.

Тој за првпат започнал да пее во средно училиште, а наскоро станал познат во целиот Мостар како добар интерпретатор на песните на Кемал Монтено. Неговата музичка активност во овој период во суштина била малку повеќе од хоби. Најголема популарност постигнал со песната “Мојата Марија, е поинаква“ која станала хит во Босна за време на 1970-тите години.

Кога избувнала војната во Босна во 1992 година, Жељко бил ранет во Мостар, додека седел во неговиот стан за време на хаотичните борби меѓу Бошњаците, Хрватите и Србите. Заскитан куршум го ранил во ногата и близу колкот. По многу проблеми, заедно со неговата сопруга и нивната ќерка, тој успеал да побегне од градот низ триториите контролирани од Хрватите во западниот дел на Херцеговина за на крајот да стигне во Србија помина низ Истра, Словенија и Унгарија. Откако пристигнал во Србија, тие живееле во белградската населба Борча , Самарџиќ наскоро започнал да добива плати од концерти во разни дискотеки и кафулиња.