Безмијалем султан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Безмијалем султан
Гробот на Безмијалем султан
Роден(а)Suzi
1807
Кавказ, Отоманска империја
Починал(а)2 мај, 1853 (на 45–46 г.)
Долмабахче, Цариград
ПочивалиштеГробот на Махмуд II
ЖивеалиштеДолмабахче
НародностГрузија
Познат(а) поВалиде султан
Верајудаизам, подоцна ислам
СопружникМахмуд II
ДецаАбдул Меџит I
РодителиЛеон[1]

Безмијалем султан (1807 - 2 мај 1853) — сопруга на османлискиот султан Махмуд II и валиде султан на нејзиниот син Абдул Меџит I.

Според некои извори таа имала руско потекло и била Евреинка, роденото име и било Сузи, а нејзниот татко се викал Леон.[1]. Според други пак таа имала грузиско потекло[2][3][4].

Во времето кога нејзиниот син станал султан таа ја зазела позицијата валиде султан и тоа во периодот од 1839 до 1851 година. Во текот на нејзиното владеење таа имала политичко влијание и често нејзиниот син и неговите министри ја консултирале за државните работи.

Таа е позната по своето покровителство и изградба на неколку објекти како на пример летната палата во Јилдиз и џамијата Долмабахче.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ali Kemal Meram, "Padişah anaları", 1977 p. 399 (турски)
  2. Bezmi Alem Valide Sultan, Gürcistan Dostluk Derneği
  3. Bezmiâlem Valide Sultan, Bezmiâlem Vakıf Üniversitesi Tıp Fakültesi Hastanesi
  4. The Private World of Ottoman Women by Godfrey Goodwin, 2007, стр .157