Бежанската маала — една од неколкуте маали во Струмица. Таа се наоѓа во горниот дел на градот, простирајќи се по улицата „Крушевска република“.
Со завршувањето на Балканските војни, во Грција започнал Белиот терор, од кој голем дел од населението од Кукуш избегало во Струмица, а најголем дел од бегалците, локално наречени „бежанци“ се населиле токму во овој дел од градот. Поради нив денес ова маало го носи името Бежанска маала, а исто така постои Бежански парк. Во 2010 година во ова маало бил откриен Споменик на децата бегалци.[1]