Орта маала (Струмица)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Орта маала
маало
Изглед на џамијата во маалото
Изглед на џамијата во маалото
ЗемјаМакедонија Македонија
ГрадСтрумица

Орта маала (турски: Orta mahalle, исто така наречена и како Варош маала) — една од неколкуте маали во Струмица. Нејзиното име потекнува од турскиот збор orta (на отомански турски: اورتا) што значи средина, додека пак второто име Варош маала ја објаснува самата маала - стар дел од градот, кој обично е на издигнат терен.

Таа, како што и самото првично име кажува, се наоѓала во тогашниот централен дел на градот, граничејќи со Чифлиганската маала на запад. Денес маалото во главно се простира по улицата „Стив Наумов“. Порано, најзначаен објект во маалото била Градската турска пошта, а исто така и Ортомаалската џамија, кои денес се археолошко наоѓалиште и музеј.

Галерија[уреди | уреди извор]