Бежански парк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парк на децата-бегалци
Bezhanski Park (1).jpg
Поглед кон паркот и споменикот на децата-бегалци
ВидСпомен-парк
МестоБежанска маала, Струмица, Република Македонија
Координати41°26′N 22°38′E / 41.433° СГШ; 22.633° ИГД / 41.433; 22.633Координати: 41°26′N 22°38′E / 41.433° СГШ; 22.633° ИГД / 41.433; 22.633
Површина860 м2 [1]
Создаден2010 [2]
СтопанисувачЈПКД „Комуналец“

Бежанскиот парк, Паркот на децата-бегалци или само Паркот на бегалците е спомен-парк во Бежанското маало во Струмица. Тој е посветен на бегалците од Белиот терор на Кралството Грција, познати локално како бежанци, кои се населиле во овој предел на градот.

Во центарот на паркот е откриен Споменик на бежанците на кого е испишана следната реченица: „Незаборавот ги чува корените“. Паркот заедно со споменикот бил свечено отворен во 2010 година. Сèвкупно за нив се потрошени 500.000 денари од општинскиот буџет. [2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зеленило, паркови, јавно градско и вонградско зеленило и рекреативни површини“. Општина Струмица (македонски). 6 септември 2010. конс. 19 ноември 2017. 
  2. 2,0 2,1 „Во Струмица откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија“. Македонска нација (македонски). 5 јули 2010. конс. 19 ноември 2017.