Баталјон „Сибир“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Баталјон „Сибир“
Батальйон «Сибір»
Создаденаоктомври 2023
Земја Украина
Припадност Вооружени сили на Украина
Род Украински копнени сили
ВидПешадија
Големина~60
Команданти
Тековен
командант
Владислав Амосов
Обележја
Неофицијално знаме на Сибир

Баталјон „Сибир“ (украински: Батальйон «Сибір») — единица на вооружените сили на Украина составена од руски граѓани кои се противеле на владеењето на Путин. Членовите на оваа единица вклучуваат Јакути и Бурјати, кои победата на Украина ја гледаат како можност за стекнување независност од Русија.[1] Пред да потпишат договор, граѓаните на Руската Федерација подлежат на темелна проверка, која може да трае и до една година. Баталјонот не регрутира заробени руски војници.[2] Единицата се борела во Битката кај Авдивка.

Командант на баталјонот е Владислав Амосов.[3] Тој е Јакут по народност и тврди дека работел во руската воена разузнавачка агенција ГРУ 15 години. Се борел во Првата и Втората чеченска војна.[4] Амосов ја поддржува независноста на неговата родна Јакутија (Саха).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. AFP (25 октомври 2023). „Ukraine Presents New Unit Formed By Siberian Volunteers“. Радио Слободна Европа (англиски). Посетено на 13 јануари 2024.
  2. „В Україні сформували з громадян РФ батальйон "Сибір": що про нього відомо“. www.unian.ua (украински). Посетено на 13 јануари 2024.
  3. "Именно мы станем той силой, которая вернет сибирякам свободу".
  4. A Former Russian Military Intelligence Officer Explains Why He's Fighting For Ukraine
  5. Історія російського офіцера ГРУ, який воює на боці України за незалежність Якутії