Бадминтон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Бадминтон е игра слична на тенисот и се игра со два или четри играчи. Иако бадминтон се смета за рекреативен спорт, тој спаѓа во олимписки спортови. Играта е слична на тенисот при што топчето е со пердуви и се удира со рекетот преку мрежа во спротивното поле од теренот.

Историја на бадминтонот[уреди | уреди извор]

Играта со пердув топче е многу стара. Во Индија постојат записи стари околу два милениуми. Во Кина е позната под името ди џијан-ци и е многу популарна игра особено кај припадничките од понежниот пол. Играта со пердув топче ја играле Инките и Ацтеките во Америка, а неретко била играна во европските владини дворови за време на феудализмот. Францускиот сликар Жан Баптист Симеон Шарден (1699—1779) насликал девојка која во десната рака држи рекет а во левата рака држи пердув топче. Оваа слика е наречена „Девојка во лет“ („La fillette au volante“) и истата се наоѓа во галеријата Уфици. Во денешно време бадминтонот како спортска игра се развил во почетокот на 14 век од старата индиска игра poona која е пренесена од англиските официри во 1873 година од Индија и ја презентирале во дворецот Бадминтон во јужниот дел од Англија за време на посетата на Војводата од Бофорт (Duke of Beuforta), по кого и денешната игра го добила името. Во 1877 е основан и првиот клуб (анг. Bath Badminton Club), а во 1893 е основана првата бадминтон асоцијација на Англија каде и се објавени и првите правила на игра кои што се слични и на денешните правила на игра. Меѓународна бадминтон федерација или на скратено МБФ (од анг. International Badminton Federation) е основана во 1934 година. Оваа организација и денес ги одредува правилата на игра и истата организира натпревари. Бадминтонот е внесе на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Основни правила и опрема[уреди | уреди извор]

Бадминтон се игра со рекет и посебно топче. За разлика од другите спортови со рекет (како на пр. тенис ) каде се игра со округло топче, овде се користи пердув топче кое е направено од 16 густи перја забодени во плутена тапа. Топчето може да достигне брзина и преку 320 km/h, само за неколку секунди. Денес сè почесто се користи и пластично топче, кое го задржало истата форма како и на пердув топчето. Врз брзината на топчето влијае струењето на воздухот или ветерот, и поради тоа натпреварите се одржуваат исклучиво во затворен простор.