Аџина Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аџина Река
Аџина Река 2.jpg
Аџина Река во близина на вливот во Радика
Слив
Главен изворШар Планина
2.000 м
УстиеРадика
1.270 м
41°47′52.8″N 20°37′56.2″E / 41.798000° СГШ; 20.632278° ИГД / 41.798000; 20.632278Координати: 41°47′52.8″N 20°37′56.2″E / 41.798000° СГШ; 20.632278° ИГД / 41.798000; 20.632278
Вис. разлика730 м
ТечениеРадикаЦрн ДримЈадранско Море
Сливна повр.36,1 км2
Физички особености
Должина8,0 км

Аџина Рекарека во Западна Македонија и лева притока на Радика.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира во југозападниот дел на Шар Планина, на надморска височина од 2.000 м. Кон крајот на своето течение, реката е премостена со макадамскиот пат од селото Бродец до караулата Стрезимир, а неколку стотина метри јужно од мостот се влева во Радика од нејзината лева страна, на надморска височина од околу 1.270 м, на местото каде што од десната страна во Радика се влева и реката Штировица.

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 8,0 км, додека на сите водотеци во нејзиниот речен слив 34,9 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 36,1 км2 и истото припаѓа на Јадранскиот речен слив. Во текот на летните месеци, речното корито на реката пресушува.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Риболовна основа за риболовна вода „Акумулација Маврово“ за период 2017-2022 година“ (PDF) (македонски). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. конс. 28 ноември 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]