Аудиометар
Аудиометар – мерен инструмент или уред за испитување на сетилото за слух. Ракувањето со уредот изискува познавање на постапката за испитување[1]
Составни делови на аудиометарот
[уреди | уреди извор]Аудиометарот најчесто се состои од следните делови:
- Електронски синусен осцилатор со кој може да се менуваат честотите, најчесто во опсег од 125 до 8000 Hz.
- Атенуатор на јачината, со распон од 0 до 100 dB.
- Две слушалки за воздушна и една за коскена спроводливост.
- Прекинувачи за струја и тон.
- Генератор на бел шум за потреби за маскирање.
Аудиометрија
[уреди | уреди извор]Аудиометрија е мерење на осетливоста на слухот. Постојат две главни методи: испитување со помош на чисти тонови и испитување со помош на говор.
Со првиот метод се одредува најниската јачина на звукот која испитаникот ја чувствува за поедина честота. Се врши со помош на аудиометар, електроакустичен апарат кои произведува тонови на честоти до 12 kHz и со јачина до 120 dB. Графичкиот запис е крива, која во координатниот систем (честотата на апсцисата, а јачината на ординатата) ги изразува осетните прагови за поедините тонски висини и така ја покажува чујната осетливост, а се нарекува аудиограм.
Со вториот метод се утврдува границата на примање на говор (на испитаникот му се претставуваат зборови со различна јачина сè додека не се најде онаа јачина на звукот при која испитаникот ги слуша и може да повтори половина од зборовите). Кај лица кои не можат свесно да учествуваат во проверката (на пример мали деца) се мерат промените на мозочните бранови и другите телесни одговори на звучна надразба.[2]
Аудиограм
[уреди | уреди извор]Аудиограм е графички приказ на чујната осетливост за различни честоти на звукот.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ audiometar, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
- ↑ audiometrija, [2] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
- ↑ audiogram, [3] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- National Physical Laboratory[мртва врска] Guidelines on Audiometric Calibration
- MedlinePlus Encyclopedia 003341