Прејди на содржината

Бел шум

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бел шум — наједноставен стационарен процес. Се нарекува и потполно случаен процес.[1] Се означува со et, каде t = 1, 2, ... n. Терминот се користи во повеќе научни дисциплини, вклучувајќи ги физиката, телекомуникациите, статистички предвидувања и слично.

Одлики на белиот шум

[уреди | уреди извор]
Нормален бел шум со нула средина.
  1. Е(yt) = µ
  2. var(yt) = σ2
  3. Yk = σ2 - ако к = 0, 0 - во сите други случаи.[1]

Тој се состои од низа на некорелирани случајни променливи кои имаат константни средина и варијанса.[2] Ако процесот има средина еднаква на 0 (σ=0), а претходните три услови важат, тогаш се добива бел шум со нула средина. Ако се внесе и дополнителен услов случајните променливи да се и независни (не само некорелирани), тогаш процесот се нарекува строг бел шум. Ако се претпоставува дека случајните променливи следат нормален распоред, во овој случај некорелацијата гарантира независност и процесот е строг бел шум. Овој процес се нарекува нормален бел шум.[1]

На оваа слика е прикажана симулација на нормален бел шум со средна вредност еднаква на нула. Со генератор на случајни броеви, добиени се 1000 вредности на бел шум кој следи нормален распоред со средина еднаква на нула и варијанса од еден. Белиот шум нема забележлива структура.

  1. 1 2 3 Славе Ристески, Драган Тевдовски и Марија Трпкова (2012): „Вовед во анализата на временските низи“, Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
  2. „Белата бучава е правото нешто за мирно и концентрирано учење и работење“. IT.com.mk. 1 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2013-07-26. Посетено на 2013-04-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]