Аудиограм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аудиограм кој покажува типични незнатни отстапувања на слухот на различни фреквенции
Преносен аудиометар Tetra-Tone Model EB-46 од 1975 година

Аудиограмграфички приказ на чујната осетливост за различни фреквенции на звукот. [1]

Аудиометрија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Аудиометрија.

Аудиометрија е мерење на осетливоста на слухот. Постојат две главни методи: испитување со помош на чисти тонови и испитување со помош на говор.

Со првиот метод се одредува најниската јачина на звукот која испитаникот ја чувствува за поедина фреквенција. Се врши со помош на аудиометар, електроакустичен апарат кои произведува тонови на фреквенции до 12 kHz и со јачина до 120 dB. Графичкиот запис е крива, која во координатниот систем (фреквенцијата на апсцисата, а јачината на ординатата) ги изразува осетните прагови за поедините тонски висини и така ја покажува чујната осетливост, а се нарекува аудиограм.

Со вториот метод се утврдува границата на примање на говор (на испитаникот му се претставуваат зборови со различна јачина сè додека не се најде онаа јачина на звукот при која испитаникот ги слуша и може да повтори половина од зборовите). Кај лица кои не можат свесно да учествуваат во проверката (на пример мали деца) се мерат промените на мозочните бранови и другите телесни одговори на звучна надразба.[2]

Аудиометар[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „аудиометар.

'Аудиометар е мерен инструмент или уред за испитување на сетилото за слух. Ракувањето со уредот изискува познавање на постапката за испитување[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. audiogram, [1] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
  2. audiometrija, [2] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.
  3. audiometar, [3] "Hrvatska enciklopedija", Leksikografski zavod Miroslav Krleža, www.enciklopedija.hr, 2016.

Поврзано[уреди | уреди извор]