Аугуст Маке

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
August Macke-Foto.jpg
Роден 3 јануари 1887
Мешеде, Вестфалија, Германија
Починал 26 септември 1914(1914-09-26) (воз. 27 г.)
Перт-ле-Ирли, Марна, Франција
Познат Сликарство


Аугуст Маке (германски: August (Robert Ludwig) Macke, Мешеде, Вестфалија 1887Перт-ле-Ирли, Марна, 1914) бил германски сликар, припадник на движењето експресионизам.

Биографија[уреди | уреди извор]

Маке студирал помеѓу 1904 и 1906 во Дизелдорф, а потоа кај Л. Коринт во Берлин. Во [1907] година отпатувал за прв пат во Париз, каде што дошол во контакт со импресионизмот и фовизмот. Бил многу импресиониран од чистите бои кои се нанесувале на платно, независно од предметот кој што се сликал. Неговиот почетен импресионистички стил еволуирал под влијание на Анри Матис површинско нанесување боја со слободни потези на четка. Со помош на Франц Марк станал член на уметничката група Синиот јавач и учествувал во 1911/1912 на изложбите на групата. Под тоа влијание, но и под влијание на орфизмот на Роберт Делоне неговите дела, привремено добиле кубистички и футуристички елементи. Маке не одел до потполна апстракција. Во тематски поглед се занимавал главно со претставување на луѓето и нивната околина, сликање на паркови и сцени на улица, но, исто така и со претставување на архитектура на градови и пејзажи. Во 1914 година пошол заедно со Паул Кле и Л. Моаје во Тунис. Неговите акварели кои биле создадени во таа прилика се со јасен, светол колорит и весела прочистеност. Истата година, тој бил мобилизиран и загинал на фронтот.

Избрани дела[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]