Атина Мургашанска
Атина Мургашанска | |
---|---|
Претседател на Совет на Општина Куманово | |
На должноста 2017 – во служба | |
Претходник | Максим Димитриевски |
Лични податоци | |
Роден(а) | Куманово, Република Македонија |
Националност | Македонка |
Партија | СДСМ |
Деца | 1 |
Установа | „Св. Кирил и Методиј“ |
Професија | правник |
Вероисповед | православен христијанин |
Атина Мургашанска (29 јули 1968, Пробиштип) е претседател на Советот на Општина Куманово.
Образование
[уреди | уреди извор]Основното училиште „ Кочо Рацин“ и Гимназијата „ Гоце Делчев“ ги завршува во Куманово, како ученик на својата генерација.
Дипломира на Правниот факултет „ Јустинијан Први“ при Универзитетот „ Кирил и Методиј“ во Скопје.
Има положено правосуден испит, магистрант е по административно право на УКИМ и е еден од првите медијатори во Република Македонија.
Кариера
[уреди | уреди извор]Работела како новинар и уредник на младинската и ноќната програма во Радио Куманово, а потоа како едукатор и презентер во невладиниот сектор.
Истакнат активист е на полето на човековите права и родовата еднаквост. Учесник е на бројни проекти, обуки и семинари во земјата и странство од областа на човековите права, локалната самоуправа и регионалниот развој и управувањето со отпад.
Вработена е како помошник раководител во Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Во својата политичка партија е координаторка на Форумот на жените на СДСМ за Куманово и член на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.
На локалните избори во октомври 2017 година е избрана за советник, како носител на листата на советници на СДСМ и коалицијата, а потоа избрана и за претседател на Советот на Општина Куманово.