Прејди на содржината

Армен Џигархањан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Армен Џигархањан
Народен глумец на СССР
Џигархањан при примање на награда од рускиот претседател Димитриј Медведев во 2010 г.
Роден(а)3 октомври 1935(1935-10-03)
Ереван, Ерменија, СССР
Починал(а)ноември 14, 2020(2020-11-14) (возр. 85)
Москва, Русија
ЖивеалиштеМосква[1]
НародностЕрменец
ДржавјанствоРусија и САД[2]
Занимањеглумец, театарски режисер
Активен период1955–2020[3]
Награди

Страница
dzigartheater.ru

Армен Џигархањан (ерменски: Արմեն Ջիգարխանյան; руски: Армен Джигарханян; роден на 3 октомври 1935 - 14 ноември 2020 година) е ерменски и руски (поранешен советски) глумец. Тој е еден од најпознатите живи филмски и театарски глумци, и еден е од основачите, претседател и уметнички раководите на Московскиот драмски театар од 1996 година.[4][5].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Армен Џигархањан е роден во Ереван, советска република Ерменија, на 3 октомври 1935 година.[6] Неговиот дедо од таткова страна потекнувал од ерменско семејство во Тбилиси.[3] Учел во руското училиште што го носи името на Чехов. Меѓу 1953 и 1954 година, работел како помошник камерман.[7]

Учел глума кај Армен Гулакјан до 1958 година,[8] и работел во рускиот театар во Ереван „Станиславски“ до 1967 година.[9][10] Настапувал во театарски изведби на дела на Александар Островски, Максим Горки,[10] Шекспир, Тенеси Вилијамс, и на други современи светски и руски автори.[8]

Во 1967 година, Џигархањан се преселил во Москва за да работи во театарот „Ленком“,[8] но во 1969 година, се приклучил на театарот „Мајаковски“, каде работел до 1996 година, речиси 30 години. Улогата на Сократ во драмата Контроверзи со Сократ од 1975 година му донела признание „најинтересен и најсилен глумец на современата сцена“.

Во текот на 1970-те и 1980-те години Џигархањан повеќе се појавувал на филм отколку во театар.

Во периодот од 1989 до 1997 година, Џигархањан предавал на Институтот за кинематографија Герасимов, а во 1996 година основал свој театар наречен „Д“, кој денес се вика „Московски драмски театар под раководство на Армен Џигархањан“. На сцената на неговиот театар биле одиграни бројни претстави, меѓу кои биле делата на Семјуел Бекет и Харолд Пинтер.[10]

Награди и признанија

[уреди | уреди извор]

Армен Џигархањан е добитник на повеќе награди и признанија за својата работа, меѓу кои:

  • Народен глумец на СССР (1973)[11]
  • Орден на заслуги за татковината, III класа (1995)[12]
  • Орден на заслуги за татковината, IV класа (2005)[13]
  • Орден на Александар Невски (2006)[6][14]
  • „Кристален Турандот“, највисока театарска награда во Москва (2010)[15]
  • Ордден на заслуги за татковината, II класа (2010)[16]
  • Народен глумец на советска Ерменија (1977)[9][11]
  • Почесен граѓанин на Ереван (2001)[17]
  • Орден на честа на Ерменија (2010)[18]
  1. „Правила жизни Армен Джигарханян“. Esquire Russia (руски). Архивирано од изворникот на 2014-01-16. Посетено на 13 January 2014.
  2. Chorekchyan, Khachatur (2005). Армену Джигарханяну 70 лет. Russkaya Amerika (руски). Архивирано од изворникот на 7 April 2014. Посетено на 2 April 2014. Армен Джигарханян имеет сейчас гражданство России и США.
  3. 3,0 3,1 Shalaeva, G.P., уред. (2003). „Джигарханян Армен Борисович“. Кто есть кто в мире [Who's Who in the World] (руски). Moscow: Olma-Press. стр. 463–4. ISBN 9785812300883.
  4. Претседател на театарот, Армен Џигархањан. Архивирано на 10 ноември 2017 г. // dzigartheater.ru
  5. Постановление Правительства Москвы от 12 марта 1996 года № 246 «О создании Московского драматического театра под руководством А. Б. Джигарханяна». АО «Кодекс» // docs.cntd.ru
  6. 6,0 6,1 Ջիգարխանյան Արմեն (ерменски). Yerevan State University Institute for Armenian Studies. Архивирано од изворникот на June 22, 2014. Посетено на 22 June 2014.
  7. Архива на avproduction.am
  8. 8,0 8,1 8,2 Rollberg, Peter (2008). Historical dictionary of Russian and Soviet cinema. Lanham, Maryland: Scarecrow Press. стр. 200–201. ISBN 9780810862685.
  9. 9,0 9,1 Արմեն Ջիգարխանյան (ерменски). AV Production. Архивирано од изворникот на June 22, 2014. Посетено на 22 June 2014.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Джигарханян, Армен Борисович“. Архивирано од изворникот на 2014-06-22. Посетено на 2018-07-12.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  11. 11,0 11,1 Джигарханян Армен Борисович (руски). kinosozvezdie.ru. 22 May 2011. Посетено на 13 January 2014.
  12. "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством"" III степени Джигарханяна А. Б.“ (руски). Kremlin.ru. 3 October 1995. Архивирано од Указ Президента Российской Федерации от 3 октября 1995 года № 1002 изворникот Проверете ја вредноста |url= (help) на 24 April 2013. Посетено на 13 January 2014.
  13. „Указ Президента Российской Федерации от 1 декабря 2005 года № 1380 "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством" IV степени Джигарханяна А. Б" (руски). Kremlin.ru. 1 December 2005. Архивирано од изворникот на 24 April 2013. Посетено на 13 January 2014.
  14. Губернатор Новгородской области Михаил Прусак награжден высшейРоссийской общественной наградой (руски). novgorod.ru. 2 November 2005. Посетено на 13 January 2014.
  15. „Veteran Armenian Actor Wins Top Theater Prize in Moscow“. ArmeniaNow. 9 July 2010. Архивирано од изворникот на 2014-01-15. Посетено на 13 January 2014.
  16. „Указ Президента Российской Федерации от 3 октября 2010 года № 1203 "О награждении орденом "За заслуги перед Отечеством"" II степени Джигарханяна А. Б.“ (руски). Kremlin.ru. 3 October 2010. Архивирано од изворникот на 24 December 2013. Посетено на 13 January 2014.
  17. „Honorary citizens of Yerevan“. Yerevan Municipality Official Website. Архивирано од изворникот на 15 January 2014. Посетено на 13 January 2014.
  18. „Armenian President confers Order of Honor on Armen Jigarkhanyan“. PanARMENIAN.Net. 18 November 2010. Посетено на 13 January 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

(англиски)