Аргентинска лебарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аргентинска лебарка
Dubia-cockroach-female-near-ruler.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Лебарки
Семејство: Џиновски лебарки
Род: Blaptica
Вид: Аргентинска лебарка
Биномен назив
Blaptica dubia
Serville, 1838
Синоними
  • Blabera claraziana Saussure 1864[1]
  • Blabera ligata Brunner von Wattenwyl, 1865
  • Blabera dubia Serville, 1838
Аргентински лебарки: Возрасен мажјак, возрасна женка и млада лебарка.

Аргентинска лебарка (науч. Blaptica dubia) — вид лебарка со средна големина кој расте до 4,0-4,5 сантиметри.[2][3] Аргентинските лебарки се сексуално диморфни; возрасните мажјаци имаат целосно развиени крилја кои го покриваат нивното тело, додека пак женките имаат мали зачетоци на крилја (преткрилја) кои покриваат околу четвртина од нивното тело.[2][4]

Возрасните лебарки се темно кафени или црни со посветол шаблон на портокалови дамки или линии, понекогаш видливи само на силна светлина. Обојувањето се разликува за нијанси зависно од средината на живеење и исхраната, од една колонија до друга.

Аргентинските лебарки се ововивипарни, своите млади ги раѓаат живи,[5] и можат да родат од 20 до 40 лебарки месечно под поволни услови.

Аргентинската лебарка може да се најде во Средна Америка и Јужна Америка, почнувајќи во Костарика. Вообичаена е за регионот од Француска Гвајана и Бразил, па до Аргентина.

Евидентирани се примероци на овој вид во Бразил,[6] Аргентина,[2] и Уругвај.[2]

Способност за летање[уреди | уреди извор]

Иако не се познати по летањето, возрасните мажјаци имаат целосно развиени крилја, како и мускулатура типична за лебарките кои можат да го издржат напорот потребен за долготраен лет.[4][5] Во лабораторија, опитите во кои лебарките се исфрлани од платформа со висина 2,5 метри, возрасните мажјаци успешно ја исправале својата дорсо-вентрална оска и набрзина да ги рашират крилата за да го контролираат и насочат нивното спуштање; сепак, активното летање не ја одржало или зголемило висината на која се наоѓале во моментот.[4] Возрасните женки имаат само рудиментирани преткрила и немаат соодветни мускули потребни за летање, и не покажале способност за контрола на лет во опитите.

Искачување[уреди | уреди извор]

Бидејќи немаат развиен аролиум помеѓу нивните канџи, ниту возрасните ниту младите лебарки не можат да се искачуваат по мазни, вертикални површини,[5] иако младите лебарки се искачувале по меки силиконски капаци на терариумите и пластичните ѕидови на контејнери.

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Идеалниот распон на температура е повисокиот крај на распонот 24-35 °C. Тие не се размножуваат на температура под 20  °C. Не можат успешно да се митарат доколку влажноста е прениска. Аргентинските лебарки можат да издржат пониска влажност во споредба со многу други видови лебарки. Овој вид на лебарка може исто така да задржи повеќе вода во своето тело кога се храни добро со овошје. Водата ја испуштаат кога се под стрес.

Во заробеништво, влажноста во средината каде се чуваат е помалку важна отколку снабдувањето со храна со многу влажност, со што се отстранува потребата да се нароси средината во која се чуваат со вода, споредено со други тропски инсекти кои се чуваат во заробеништво. Средината во која се чуваат треба да биде чиста, за фекалиите да бидат суви и да не бидат средина погодна за бактерии или габи. Вертикално подредени табли за јајца помагаат во сето ова, како и добар проток на воздух.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Аргентинската лебарка е плодојад кој претпочита овошја и житарки, избегнувајќи извори богати со протеин како месо и измет на други животни. Тие сакаат полублаги растенија. Соодветна исхрана за одгледување Аргентински лебарки вклучува: моркови, сите тропски овошја (вклучувајќи ги манго и папаја), јаболки, авокадо, банани, црешни, крушки, портокали, јагоди, свежа пченка, домати (некои единки не покажуваат интерес за домати, додека други ги прифаќаат) и марула (не зелена салата од типот „ајсберг“ или „романа“)- како и други листести зеленчуци. Зрнеста и сува храна за мачки и кучиња, храна за риби и слично може да послужи како додадок во нивната исхрана. Тие исто така јадат трици, како и разновидни видови леб, житарки за појадок без шеќер, иако таквата исхрана може да биде дополнета со растенија што се јадат и некој вид овошје за да се овозможи доволна количина на вода.

Коренестиот зеленчук богат со скроб, како компир и сладок компир ги конзумираат послабо и очигледно само заради водата која ја содржат.

Животен циклус[уреди | уреди извор]

  • Парењето се случува кога мажјакот остава пакет со сперма во женката. Тој пакет ја спречува женката понатаму да се пари.
  • Женката потоа положува јајце, кое подоцна го вовлекува во неа за да го инкубира.
  • Бременоста трае околу еден месец (28 дена). 
  • Нимфите се изведуваат во женката. Помеѓу 20 и 40 живи млади, секое од околу 2 милиметри должина, се изведуваат во секое квачилиште.
  • Нимфите созреваат за околу 4-6 месеци во зависност од температурата и достапноста на храна.
  • Нимфите поминуваат низ 7 етапи, предните плочки на егзоскелетот растат од околу 25% помеѓу менување на егзоскелетот, пред да достигнат зрелост.
  • [3]
  • Возрасните единки живеат 1-2 години.

Употреба како инсект за хранење[уреди | уреди извор]

Аргентинската лебарка е популарен инсект кој се користи за хранење, особено на тарантули, водоземци и рептили.[3][7] Чувањето и размножувањето на инсектот е олеснето поради неможноста да скокаат, да се искачуваат по мазни површини, релативно бавно движење и фактот што многу ретко летаат.[5][7][8][9] Тие се исто така тивки, за разлика од штурците, а фактот што имаат потреба од тропски услови, ги намалува изгледите да бегаат кога се чуваат во поладни климатски услови[7] Аргентинските лебарки може да предизвикаат алергија кај луѓето,[7] иако произведуваат релативно малку мирис во споредба со други лебарки.[5]

Размножување[уреди | уреди извор]

Аргентинската лебарка е ововивипарен вид, воглавно раѓаат живи млади и бременоста во едно истражување траела 48-64 денови, во средина со температура од 26 °C со промена на светли и темни периоди на секои 12 часа. 

[10] Ја носи капсулата со јајца, која содржи 20-35 јајца, се додека не се подготвени да се изведат, или може да ја испушти порано поради некоја стресна ситуација.
[7] Возрасните единки живеат до максимум 2 години, женките малку подолго од мажјаците.[7] Стапките на прираст и репродукција се чувствителни од условите на средината, оптимално 25-30 °C и на 60% релативна влажност.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Synonyms of Argentinian Wood Cockroach (Blaptica dubia)“. Encyclopedia of Life. конс. 24 December 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Hebard, Morgan (1921). South American blattidae from the Museum National d'Histoire Naturelle, Paris, France. Proceedings of the Academy of Natural Sciences of Philadelphia. 73. Philadelphia: The Academy of Natural Sciences. стр. 288–290. http://books.google.com/books?id=v9fwAAAAMAAJ&pg=PA289. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Wu, Hao; Appel, Arthur G.; Hu, Xing Ping. Instar Determination of Blaptica dubia (Blattodea: Blaberidae) Using Gaussian Mixture Models. „Annals of the Entomological Society of America“ том  106 (3): 323–328. doi:10.1603/AN12131. ISSN 00138746. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Kesel, Antonia B; Martin, Andrew; Hoffmann, Florian (15 декември 2009 г). Quantifying the landing reaction of cockroaches: final report. European Space Agency – Advanced Concepts Team. http://www.esa.int/gsp/ACT/doc/ARI/ARI%20Study%20Report/ACT-RPT-BIO-ARI-08-6302-CockroachLanding-Bremen.pdf. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Wu, Hao (3 август 2013 г) (PDF). Biology of Blaptica dubia (Blattodea: Blaberidae) (thesis). http://etd.auburn.edu/etd/bitstream/handle/10415/3735/Thesis_Hao_7_15_final.pdf. 
  6. Almeida, Carlos Eduardo; Duarte, Rosemere; Nascimento, Raquel Guerra do; Pacheco, Raquel S; Costa, Jane. Triatoma rubrovaria (Blanchard, 1843) (Hemiptera, Reduviidae, Triatominae) II: trophic resources and ecological observations of five populations collected in the State of Rio Grande do Sul, Brazil. „Memórias do Instituto Oswaldo Cruz“ том  97 (8): 1127–1131. doi:10.1590/S0074-02762002000800011. ISSN 0074-0276. 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 Alamer, Ahmad Hussein (2013). Endocrine control of fat body composition and effects of the insect growth regulators methoprene and pyriproxyfen on the development and reproduction of the Argentinian cockroach, Blaptica dubia Serville (Blattaria: Blaberidae) (PDF) (Труд). конс. 25 December 2013. 
  8. Rubio, Manny (2008). Scorpions: Everything about Purchase, Care, Feeding, and Housing. Barron's Educational Series. стр. 81. ISBN 978-0-7641-3981-9. http://books.google.com/books?id=N05C7CJUscoC&pg=PT81. 
  9. Friederich, Ursula; Volland, Werner (September 2004). Breeding food animals: live food for vivarium animals. Krieger Pub.. стр. 66. ISBN 978-1-57524-045-9. http://books.google.com/books?id=tUZWAAAAYAAJ&q=Blaptica+dubia. 
  10. Hintze-Podufal, C.; Vetter, R. (1996 г). Hormonal control of courtship behavior and reproductive cycle in the cockroach species Blaptica dubia (Blattoidea: Blaberoidea: Blaberidae). „Entomologia generalis“ (Schweizerbart) том  20 (3): 169–175. ISSN 0171-8177. http://cat.inist.fr/?aModele=afficheN&cpsidt=2964339. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]