Апициј
Апициј (латински: Apicius) — наслов на збирка римски рецепти за готвење, за кои се смета дека се собрани во доцниот VI или раниот V век н.е. Книгата е напишана на јазик многу повеќе налик на народниот отвколку на класичниот латински јазик.
Апициј бил текст за употреба во кујната. Најраните печатени изданија носат општ наслов De re coquinaria („За готвењето“), и му биле препишани на извесен Целиј Апициј (Caelius Apicius), измислица заснована на фактот што еден од двата ракописа е насловен со зборовите „API CAE“. Името Апициј веќе долго време носело конотација на раскош и страст кон храната, која произлегува од навиките на човекот кој го носел тоа име. Најпознатата личност кому е дадено ова име заради гурманство е Марко Гавиј Апициј, кој понекогаш грешно се смета за автор на оваа книга.
Текстот е подреден во десет кратки заглавја налик на организацијата на современите готварски книги:
- Epimeles — Готвачот
- Sarcoptes — Меса
- Cepuros — Од бавчата
- Pandecter — Разни јадења
- Ospreos — Грашок, грав, леќа, наут и др.
- Aeropetes — Птици
- Polyteles — Птици
- Tetrapus — Четириношци
- Thalassa — Морски плодови
- Halieus — Риба
Содржината е помешана, т.е. извесни рецепти треба да припаѓаат на други заглавја. Некои рецепти ги среѓаваме во две варијанти, некои се јасно прекратени каде недостига барем по еден ред.
Храната опишана во книгата дава важен увид во начинот на исхрана во античкиот свет околу Средоземниот басен - многу од храните кои денес ги поистоветуваме со тој регион—домати, паста—не биле достапни во антиката. Од друга страна, рецептите за најбогатите содржеле некои навистина егзотични состојки, како да речеме фламенго.
Во еден сосем друг ракопис го среќаваме сткратениот епитом Apici Excerpta a Vinidario - „џебен Апициј“ од извесен Винидариј, напишан во V век. Меѓутоа, насловот е неточен заради тоа што ова дело не се состои од извадоци од рецептите во Апициј. Наместо тоа, книгата содржи сосема други рецепти кои не ги наоѓаме во Апициј. Ова се должи или на губење на текстот или на промена на истиот како резултат на записките кои секој готвач со време си ги додавал.
Одкога двата ракописа одново биле пронајдени, испечатени се две изданија - едно во Милано (1498) и Венеција (1500). Во времето на преродбата на античките пишани дела, луѓето уживале да читаат римска „готварска книга“. За популарноста на делото сведочи фактот што во следните четири децении се појавуваат уште четири изданија. Во долгото стандардно издание на К. Т. Шух (Хајделберг, 1867), издавачот додал и некои рецепти од Виндариевиот ракопис.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Латински текстови
[уреди | уреди извор]- Bibliotheca Augustana: De Re Coquinaria Libri Decem издание на Мери Ела Милхам (латински)
- Текстот на готварската книга на „The Latin Library“ (латински)
|