Антонио Амури
Изглед
| Антонио Амури Antonio Amurri | |
|---|---|
| Роден(а) | 28 јуни 1925 Анкона, Италија |
| Починал(а) | 18 декември 1992 (возр. 67) Рим, Италија |
| Занимање | Автор, писател, лиричар |
| Деца | 2, вклучително Франко Амури |
| Роднини | Ева Амури |
Антонио Амури (италијански: Antonio Amurri), (28 јуни 1916 , Анкона – 18 декември 1992 , Рим) бил италијански автор, писател на радио и телевизиски сценарија, лиричар[1].
Роден бил во Анкона, Амури бил автор на некои од најпопуларните ревии на РАИ - Радио - телевизија Италија, како што се Канзонисима, Гран Вариета, Фантастико и Студио Уно. Тој исто така бил автор на четиринаесет книги, неколку од нив биле со голем тираж и бројна читателска публика, најчесто тоа биле збирки раскази, кои се состоеле од сатирични мотиви за семејни проблеми и недоразбирања.
Амури бил татко на телевизиската писателка Валентина Амури и на филмскиот режисер Франко Амури; тој бил и дедо на американската глумица Ева Амури[2],[3].
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Aurora Cacópardo. Scrittori comici e irregolari del nostro Novecento. Eurocomp 2000, 2002. ISBN 8883460162.
- Антонио Амури на
Семрежната филмска база на податоци (англиски)