Англиски булдог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Набиен и широк, привлекува внимание со својот физички изглед, а особено со својата масивна глава. Многу е силен и мускулест. Изразените длабоки брчки по образите му даваат карактеристичен изглед. Ушите му се тенки и кратки. Бојата на крзното му е бела, црвено-црна, дури и кога станува збор за мали кученца. Нозете му се рамни, а шепите округли и големи. Опашката треба да биде спуштена.


Карактеристики[уреди | уреди извор]

Во стандардот за ова големо куче улога има темпераментот. Булдогот е активен, остава впечаток на одлучност, сила и енергичност. Способен е да покаже голема сила, но не покажува никаква наклоност да го користи тоа. Добродушен е, многу трпелив, па така децата многу го сакаат, а и тој нив. Тој е одлична дадилка за деца, многу е одговорен и внимателен кон непознатите. Кога ќе загризе, тешко пушта.

Булдогот не е многу послушно куче. Ако редовно се изнесува на прошетки, лесно се прилагодува на живот во стан. Тешко поднесува големи горештини.